ИЗИИС за Скопје
Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2023 11:54
Под мотото „ИЗИИС за Скопје„, тимот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија започна со посебно дизајнирани едукативни посети на деца од претшколска и школска возраст, со што дава акцент на вредноста на рана едукација каде најмладите жители на Скопје имаа можност да го истражуваат фасцинантниот свет на земјотресите преку забавни и динамични презентации и активности.
„Организиравме серија интерактивни работилници за најмладите, како потсетник на Скопје и земјотресот пред 60 години. Подготвивме наменски визуелни помошни алатки и практични демонстрации, при што ги запознаваме со концептот земјотрес и на начин соодветен на возраста се фокусираме на теми безбедност, отпорност и подготвеност„ - истакнуваат од ИЗИИС.

Со оваа серија работилници, оваа етаблирана и меѓународно призната научна институција го започна проектот „Градиме издржливост„ посветен на шесте децении од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје. Одбележувањето на годишнината од настанот, нема само да биде потсетник туку ќе има за цел да ги едуцира новите генерации за безбедноста од земјотресите. Беа посетени неколку градинки, основни и средни училишта низ Скопје, а програма опфаќаше од науката за земјотресите до подготвеност за итни случаи.

ПР објава
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




