За 11,33 милиони денари: Излозите во Старата скопска чаршија во ново руво
Објавено во: Економија 02 Октомври, 2019
Во Даут Пашин Амам денеска ќе биде потпишан договорот за проектот за уредување на излозите и рекламите во Старата скопска чаршија.
Договорот ќе биде меѓу Министерството за економија и Општина Чаир, а ќе го потпише градоначалникот Чаир Висар Ганиу со фирмата изведувач.
На потпишувањето ќе се обрати министерот за економија Крешник Бектеши.
Овој проект беше најавен минатата година.
Имено, предмет на овој договор беше доделување субвенции за уредување на излозите и рекламите во чаршијата, во согласност со Програмата за развој на туризмот за 2018 година. Најавите беа дека уредувањето ќе чини Ова ќе чини 11,33 милиони денари.