25 Ноември, 2024
0.0276

ИЗРАБОТЕНИ СЕ ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕЦЕНИИ: Граѓаните ги продаваат народните носии кои им останале од предците

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Граѓаните продаваат народни носии кои им останале од предците, рачно ткаени и стари со децении. Ако погледнеме во огласите кои се достапни на интернет, ќе видиме дека има носии по цена од 90, 150, 300, 400 па сè до 1.500 евра. Наведено е дека некои се стари најмалку 50 години, а други датираат од пред  90 или 100 години.

Во некои огласи стои дека продаваат поединечно кошули, торби, елеци. Се продаваат народни носии од различни краеви на Македонија. Некои од  нив долги години стоеле, без да бидат употребени.

„Имам една носија, од Мијачкиот крај, но се откажав од намерата да ја продадам. Има луѓе кои се јавуваат, спуштаат цени,  сакаат да ги купат евтино и потоа  да ги препродадат. Овој период до Водици обично имаше најмногу јавувања за носијата. Се јавуваа и бугарски државјани да ја купат. Тоа е културно богатство, мене носијата ми е остана од постарите и се сеќавам дека за Прочка се облекуваа тие носии“, вели скопјанка.

Дел од луѓето кои поседувале носии, ги продале на играорни групи.

„Пред 5-6 години продадов 3-4 комплети. Ги земаа за во културно – уметничко друштво. Мене носиите ми беа останати од баба и дедо. Треба да се држи цена, но и да се има предвид стандардот“, рече Габриела Бојковиќ.

Друг колекционер вели дека брзо успеал да ги продаде носиите од Долни Дримкол.

„Носиите се одамна продадени, ги купија локалци за во културно – уметничко друштво.  И јас сум колекционер и она што ми е дупликат, го продавам, заменувам“, вели друг наш соговорник.

Миленко Андрески, претседател на културно – уметничкото друштво „Охриѓанка“ од Охрид објаснува дека низ годините купил многу носии, од сите краеви на Македонија, од пиринскиот и егејскиот дел. Вели дека до некои носии е тешко да се дојде. По пат на лични контакти ги набавувал носиите кои му биле потребни. 

„Имам 12 до 15 носии кои ги чувам за своја душа, а членовите на ансамбалот, ги задолжувам со носии и откако ќе престанат да членуваат во друштвото, ги враќаат носиите. Носиите си бараат и одржување“, вели Андрески.

Од КУД „Кисела Вода“ објаснуваат дека за да купуваат носии им се потребни финансиски средства, но и да оспособат лица да ги изработуваат, исто и за тоа се потребни средства.

„Се трудиме да имаме оригинални, автентични носии. Сè зависи какви се носиите, од каков материјал се изработени, каков вез имаат, посебно на елекот и на кошулата. На пример ако споредиме носија од скопскиот регион, со онаа од Галичник, има голема разлика. Но, навистина кога децата ќе се облечат во носии, тоа дава еден посебен дух“, вели Хаџи Мило Ѓорѓевски, претседател на КУД „Кисела Вода“.

Освен народни носии, многу наши граѓани ги продаваат килимите и јамболиите кои ги изработувале постарите генерации.

Сања Атанасовска

foto Wikipedia/MacedonianBoy

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче