18 Мај, 2024
0.1860

ИЗВЕШТАЈ НА ММФ: Оптимистички прогнози за растот на Македонија, ама и долговите ќе се креваат!

Објавено во: Економија 16 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Јавниот долг ќе се зголемува а невработеноста бавно ќе се намалува. Во однос на економскиот раст, Македонија, со стапка од 3,8% и годинава ќе биде една од земјите со најдобра прогноза, се посочува во новиот Извештај на ММФ “Глобалните економски перспективи“. Според новите проекции на аналитичарите на ММФ, глобалната економија годинава ќе обезбеди раст од 3,5 отсто. Во однос на водечките економии, ММФ ја задржа предходната прогноза и за економијата на Кина за која предвиде раст од 6,8 отсто за годинава. Земјите од еврозоната, според ММФ, годинава ќе испорачаат раст од 1,5 отсто, нешто повисоко во однос на јануарската прокеција од 1,2 отсто. Американската економија оваа година ќе зајакне 3,1 процент. Во однос на Македонија, и натаму проблематична останува невработеноста. Економски раст ... Со стапка на економски раст од 3,8%, македонската економија останува една од земјите која и годинава, но и во годините што следат ќе испорача посилен раст на БДП. Според новите априлски прогнози, годинава БДП ќе пирасне за 3,8% а овој тренд ќе продолжи и во 2016 та година, со стапка од 3,9% која во 2020 та гподина ќе достигне 4 отсто. Ако се направи споредба со стапките на раст во регионот, Македонија е една од земјите за која има најоптимистичка проекција. Пред нас е само Црна Гора, која годинава ќе испорача раст од 4,7%. До година пак, се оечкува ледер според економскиот раст да биде Албанија со 4%. Србија годинава останува во рецесија, а веќе во 2016 та година се очекува да премине во позитивна зона. Еве какви стапки на економски раст предвидува ММФ за годинава: Македонија 3,8% Косово 3,3% Црна Гора 4,7% Србија -0,5% Турција 3,1% Бугарија 1,2% Албанија 3,0% Судејќи според прогнозите за раст на водечките економии, за годинава и во периодот што следува ММФ прогнозира раст на економијата на САД од 3,1%, Еврозната 1,5% и Јапонија со раст во 2015 та година од 1,0%. Руската економија оваа година и во 2016 та ќе остане во рецесија, со стапка од -3,8 односно -1,1 процент. Невработеност ... Со стапка на невработенсот од 27,4%, Македонија и во новиот априлски извештај на ММФ останува земја која е лидер во регионот и во Европа според бројот на невработени. Аналитичарите на ММФ предвидуваат намалување на невработеноста, но со бавно темпо. Така, според прогнозите, до година стапката на невработенопст ќе се намали на 26,5% а во 2016 на 25,7%. И со ова темпо на намалување на невработеноста земјава ќе остане на врвот во однос на опкружувањето. Еве какви стапки на невработеност се регистрирани во новиот извештај: Македонија 27,4% Србија 20,7% Албанија 13,7% Бугарија 10,9% БиХ 27,0% Словенија 11,4% Според прогнозите на ММФ, во регионот раст на невработеноста се очекува во Србија, додека во Албанија таа бавно ќе се намалува. Пад на бројот на невработени се очекува и во Босна. Стапката на невработеност во кризната Грција, годинава ќе изнесува 24,7% а во 2017 та година таа треба да се намали под 20%. Јавен долг ... Македонија е едена од трите змеји во регионот со најниско ниво на бруто-долг на Општа Влада, но со тенденција тој да расте во следните години. Според прогнозите на ММФ, за годинава долгот треба да изнесува 37,2%, а во следните две години тој ќе се зголемува. Така, во 2016 та година долгот ќе достигне 40,2% а во 2017 та година 42,6 отсто. Македонија 37,2% Србија 76,3% Албанија 79,5% Бугарија 28,8% Словенија 79,7% Косово 20,6% Ако се направи анализа на очекуивањата на ММФ, во однос на Македонија, понизок јавен долг имаат Бугарија и Косово, додека зад нас се Србија, Албанија, Словенија, Хрватска и БиХ. Меѓународниот монетарен фонд предвидува намалување на долговите на Албанија и Босна. Ризици.. Иако во новиот извештај на ММФ се предвидуваат оптимистички прогнози за економскиот раст и глобалното закрепнување, сепак анализата упатува и на можни ризици. Според ММФ сега тие се лоцираат, не само на финансиски туку и на политички план. “Ризиците за глобален раст сега се повеќе избалансиран однос на претходните шест месеци, но и понатаму тие тежнеат на негативна страна. Макроекономските ризици незначително се намалени, (на пример, рецесијата и дефлацијата во еврозоната), но финансиските и геополитички ризици се зголемија.“, се посочува во извештајот и се додава: “Падот на цените на нафтата може да обезбеди поголем поттик за глобалниот раст од очекуваното. Сепак, следниве ризиците и понатаму да останат релевантни: понатамошнто остаро зајакнување на доларот може да предизвика финансиски тензии, особено во пазарите во развој како, стагнацијата и ниската инфлација во развиените економии, и покрај неодамнешното зголемување, може да го закочи закрепнувањето како и геополитичките тензии, кои произлегуваат од тековните настани во Украина, Блискиот Исток и Западна Африка, би можеле да генерираат регионално и глобално прелевање“, се наведува во новиот априлски извештај на ММФ. Според новите проекции на аналитичарите на ММФ, глобалната економија годинава ќе обезбеди раст од 3,5 отсто. Во однос на водечките економии, ММФ ја задржа предходната прогноза и за економијата на Кина за која предвиде раст од 6,8 отсто за годинава. Земјите од еврозоната, според ММФ, годинава ќе испорачаат раст од 1,5 отсто. А.Д.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа