03 Мај, 2024
0.0443

Извештај: Суфицит во ФЗОМ, дефицит во ПИОМ

Објавено во: Економија 04 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Полугодишниот извештај за извршувањето на Буџетот на РМ за периодот јануари-јуни годинава покажува дека во првата половина од годината Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) има остварено дефицит од 469 милиони  денари, покажува.

До јуни годинава биле остварени приходи од 33.453 милиони денари, 49,2 отсто во однос на планираните за годинава, а на расходите изнесувале 33.922 милиона денари односно 49,9 отсто од годишниот план.

Од вкупните приходи, 18.115 милиони денари се по основ на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување (48,6 отсто од годишниот план), 14.640 милиони денари се трансфери од Основниот буџет, 637 милиони денари се приходи од акцизи, а останатите 61  милион денари се други приходи на Фондот.

Според извештајот, во делот на расходите на Фондот, трошоците за пензии се реализирани во износ од 26.792 милиони денари или 49,6 отсто од предвидените за 2018 година, а исплатата на пензиите се одвива во согласност со предвидената динамика за 2018 година. Трансферите од Фондот за ПИОМ до приватните 14 пензиски фондови изнесуваат 3.330 милиони денари, а придонесите за здравствено осигурување за  пензионери до Фондот за здравствено осигурување се исплатени во износ од 3.575 милиони денари.

Заклучно со јуни година, Фондот за здравствено осигурување остварил суфицит од 205  милиони  денари,  со приходи  од  14.739  милиони  денари,  или 51,3 отсто од годишниот план и извршени расходи од 14.534 милиони денари, односно 50,5 отсто од планираните за 2018 година.

Во првите 6 месеци од годинава  се остварени приходи од придонеси за здравствено осигурување од 7.716 милиони денари или 48,8 отсто од годишниот план. Додека пак, придонесите за здравствено осигурување  на пензионери уплатени од Фондот за ПИОМ изнесуваат  3.575 милиони денари, а придонесите за здравствено осигурување уплатени од Агенција за вработување на РМ се 55 милиони денари.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски