19 Мај, 2024
0.0317

Извршители биле кај Дескоска и постигнале договор

Објавено во: Економија 21 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Извршителите, кои се често на удар на критиките од јавноста, ја посетиле министерката за правда Рената Дескоска за да направат последни консултации пред Измените на Законот за извршување, со кои треба да се намалат наградите и каматите на фелата.

Претседателот на комората на извршители Зоран Димов сега вели дека измените ќе бидат во полза на граѓаните иако во последно време приходите на сите извршители биле во драстичен пад.

- Во Македонија има 98 извршители, а приходите кај сите извршители се драстично паднати. Точна сума не знам, тоа е предмет на секоја завршна сметка, но ви гарантирам дека се драстично паднати – изјави Димов.

Тој истакна дека извршителите досега не можеле да знаат кои физички лица се социјални случаи за да бидат изземени од системот на блокада.

– Ова ќе биде решено во рамките на Законот за извршување. Треба да останеме ефикасни, бидејќи од Законот за извршување не можат да се изземат доверителите, а должниците да не ги добијат своите социјални права. Ние имаме увид во тоа дали одредено лице е корисник на социјална помош, и тоа лице нема да биде предмет на извршување. Ќе има промени и кај оние категории граѓани што се со минимални плати, и кај нив да има намалување. Таму има граѓани за побарувања што потекнуваат од 1990-тите години, за кои извршителите не се виновни, тие предмети ги наследивме – рече Димов.

Вели дека досега на доверителите им биле вратени средства во вредност од една милијарда евра.

Предлог-законот е во собраниска процедура и во наредниот период треба да биде усвоен, а потао ќе се разгледуваат подзаконските акти на истиот со кој ќе се регулираат тарифите.

- Потоа ќе има носење подзаконски акт, кој се однесува на тарифата на извршителите, се надевам дека ќе добиеме поддршка од Комората на извршители во процесот на намалување на трошоците зашто навистина е недозволиво граѓаните да плаќаат за долг што го направиле пред повеќе години по дваесет пати повеќе од основниот долг – рече Дескоска.

Освен кај извршителите и нотарите, некои невладини организации бараат да се намалат и трошоците кај банките за блокирање и одблокирање сметки што влегуваат во делот на извршување, но некои извршителите имаат проблеми со блокирање сметки на социјални случаи и бараат измени во Законот за платен промет, каде што социјалната помош ќе стигнува само на една сметка и таа да не може да биде блокирана.

– Ние ставивме во законот дека ако дојде до блокирање сметка на лице што било изземено од извршување, односно приход што не смее да се извршува (дали се социјални случаи, дали е алиментација или хуманитарна помош), во тој случај ниту банките ниту извршителитe нема да смеат да наплатат надоместоци – појаснува министерката Дескоска.


Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра