Добивај вести на Viber
Неотповиклива оставка од функцијата извршен директор на винарската визба „Сковин“, поднела Марија Митева, информираат од акционерското друштво, преку соопштение до Македонска берза.
Како што се наведува во соопштението, оставката Митева ја поднела пред еден месец, односно на 23 септември, а на нејзино место како вршител на должност е поставен Перо Моцан.
Како кадар на „Сковин“, таа подолго време ја извршуваше функцијата финансиски директор, а потоа стапи и на челната позиција во компанијата, што ја извршуваше досега.