08 Мај, 2024
0.0230

Ја знаете ли историјата на свршеничкиот прстен?

Објавено во: Стил 19 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Сте се запрашале ли зошто сите толку копнеат за дијамант на свршеничкиот прстен? За се обвинете го надвојводата кој ја започнал оваа традиција.

Една од првите употреби на дијамантски свршенички прстен е онаа на Надвојводата Максимилијан од Австрија кој jа побарал за жена Мери од Бургунди со прстен со мали рамни парчиња дијаманти во форма на буквата М.

Трендот на подарување на свршенички прстен како знак на “обележување на територија“ еволуирал низ годините, и тоа на следниот начин:

Праисторија: Пештерскиот човек врзувал жици од испреплетена трева околу зглобовите и половината на одбраната жена, веруваќи дека така ќе го потчини нејзиниот дух и ќе ја стави под негова контрола.

Околу 2800 г.п.не. : Египќаните биле закопувани со прстени од златна или сребрена жица на третиот прст од левата рака. Тие прстенот го носеле на третиот прст поради верувањето дека така нивните срца директно ќе бидат поврзани преку вената на љубовта.

2 век п.н.е: Според Плиниј Постариот, младоженецот прво и давал на невестата златен прстен да го носи за време на свадбената церемонија и за специјални пригоди, а потоа железен прстен кој требала да го носи по дома и кој означувал дека тој легално ја поседува.

1 век п.н.е: Во Азија се појавуваат прстените на кои има испреплетени неколку златни жици, со кои султаните и шеиците ги обележувале сите нивни жени.

1217: Бискупот од Салисбери ја прекинува традицијата која дотогаш владеела. Имено машките ги заведувале девојките, лажејќи ги дека се во брак, дека си припаѓаат еден на друг и им давале плетени прстени. Решението да бискупот било следново: Бракот со плетени прстени бил прогласуван за важечки.

1456: Објавена била Гутенберговата Библија во која не биле споменати веренички или брачни прстени.

1477:  Забележана е една од првите употреби на дијамантски свршенички прстен и тоа на Надвојводата Максимилијан од Австрија кој jа побарал за жена Мери од Бургунди со прстен со мали рамни парчиња дијаманти во форма на буквата М.

1700тите години: Во Европа стануваат хит сребрените “поетски“ прстени со гравирани посвети. Пуританците пак, на своите вереници им подарувале корисни напрстоци наместо прстени (а верениците го сечеле горниот дел на напрстоците и пак имале прстени).

1800тите години: Викторијанците правеле накит од човечка коса и користеле скапоцени камења (дијаманти, смарагди, аметист, рубини и сл.) за да испишат некаква посвета како на пр. НАЈМИЛА, НАЈДРАГА итн..

1867: Дијамантите се откриени во колонијата Кејп (сега провинција во Јужна Африка), со што се зголемува понудата на дијаманти во светот.

1880: Сесил Роудс кој пристигнува во 1873 година, ја основа компанијата Дебирс и  во наредната деценија контролира 90% од светското производство на дијаманти.

1886: Тифани & Ко. ги претставува своите креации на дијамантски прстени.

1890: Излегуваат во продажба поефтини веренички и венчални прстени кои можеле да се нарачаат преку каталог.

1918: Картие го создава прстенот Тројство (испреплетено розево злато кое ја симболизира љубовта, бело злато за пријателството и жолто злато за верност). Овој прстен е сеуште традиционален венчален прстен во Франција.

1920тите: Производителите се обидуваат да продаваат и машки веренички прстен

Раните 1940ти: Вереничките прстени се најпродаваните парчиња накит во стоковните куќи.

1944: Католички свештеник венчава двојка со два прстени, што е одобрено и прифатено од пошироката јавност

1946: Хемфри Богарт почнува да носи венчален прстен- од петтата и последна венчавка со Лорин Бекол.

1950: Ова е времето на романот Појадок кај Тифани во кој сега веќе познатиот бренд за накит, Тифани, го гравирал свршеничкиот прстен на Холи Голајтли.

1978: По разводот од Ричард Бартон, Лиз Тејлор го става на продажба 69 каратниот Тејлор- Бартон дијамант за добротворни цели.

2000: За да се избегнат прекршувањата на законите при тргувањето со дијаманти, се создава Светскиот Совет за дијаманти чија цел е “заштита на дијамантите од експлоатација и нивно нелегално користење за воени цели и нечовечки дејствија“.

2001: Бред Пит ја тужи компанијата која го произвела венчалниот прстен кој тој го креирал за Џенифер Анистон, бидејќи продавала дупликати, со што го прекршила нивниот договор.

2002: Повеќе од третина од двојките кои купуваат дијамантски свршенички прстени трошат најмалку две месечни плати при купувањето на прстенот.

2003: Волмарт почнува да ја продава марката дијаманти  “Keepsake” која е една од најпродаваните во светот.

2005: Недела дена пред Денот на вљубените снемува залихи од еднокаратниот дијамантски прстен на интернет страницата на Волмарт.

Од 2005 натаму: Дијамантските свршенички прстени се сеуште во мода, но се повеќе се цени инвентивноста на партнерот (и неговиот длабок џеб), па тој самиот креира (со помош на стручни лица) прстен за неговата сакана кој ќе биде уникатен примерок создаден само за неа.