19 Мај, 2024
0.0368

Јаким Неделков: Самите училишта да одредат каква настава ќе спроведуваат

Објавено во: Македонија 16 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Јаким Неделков, претседателот на СОНК, синдикатот кој ги застапува просветните работници и вработените во училиштата, во денешното интервју за Радио Слободна ЕВропа, вели дека секој училишен одбор треба сам да одреди како ќе ја спроведува наставата во новата учебна година, бидејќи ситуацијата на епидемија создава различни критериуми на локално ново.

- Нас ни е јасно и на јавноста и е јасно дека условите за работа не се подеднакво исти во сите училишта на национално ниво, па според тоа, според мене, не смее да се унифицира еден модел којшто ќе важи за сите. Различни се по многу основи. Прво по број на заразени во средината, имаме стандарди на колку жители максимум колку заразени би било нормално, ако може така да се каже нормално. Понатака имаме број на ученици во училиште, број на ученици по паралелки. Имаме училишта со соодветни услови за изведување на ваква или онаква настава, училишта кои се несоодветни, па имаме и локална средина, односно родители и ученици немаат технички можности да следат конкретно онлајн настава итн. Значи сето тоа е индивидуално и по нас како Синдикат би било најсоодветно да се прифати она решение кое најмногу ќе одговара на локално ниво, односно она училиште, пред се училишниот одбор ќе се одлучи за кое училиште како да работи, гласи ставот на Неделков.

Тој најавува дека од утре ќе почнат активните обуки во училиштата за примена на онлајн настава. 

- Ми се чини дека неизбежна ќе биде онлајн наставата или можеби комбинирана настава кадешто дел од училишта ќе работат онлајн, дел со физичко присуство на ученици и вработени, односно наставници, меѓутоа и во само едно исто училиште да биде наставата комбинирана, дел од родители ќе се изјаснат дека сакаат да ги пуштат нивните деца физички да присуствуваат во училиштата, можеби други родители ќе се изјаснат за онлајн настава, така што наставниците во секој случај ќе мора да бидат подготвени и за онлајн настава, велипрвиот човек на СОНК во интервјуто.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража