28 Април, 2025
0.0432

ЈАКИМОСКИ СО НОВИ МЕРКИ ЌЕ ГИ „ЗАУЗДУВА“ ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО КАРПОШ: Еве што ќе преземе

Објавено во: Македонија 13 Април, 2025 21:00

Добивај вести на Viber

Поттикнати од неверојатниот глад за остварување што е можно поголем профит на инвеститорите и добивање на што е можна поголема квадратура и непредвидено богатство за сопствениците на земјиштето општина Карпош носи трет сет на мерки за вразумување на сопствениците и изведувачите.  Овие мерки се во насока на подобрување на функционалноста на објектите што се градат, поголема заштита на сопствениците на земјиштето, поголема безбедност за објектите и граѓаните кои живеат околу објектот кој се гради, како и обезбедување на поквалитетна градба, ствање на поквалитетни материјали, поубав изглед на новите објекти, како и поголема гаранција на квалитет која мора да ја дадат изведувачите на идните станари. Во исто време ја зголемуваме контролата од страна на локалната самоуправа во секоја фаза на градба на објектот, а тоа значи од одобрување на идејниот објект, до упис во катастар, соопшти градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски.

1.      Со издавање на извод од урбанистички план секторот за урбанизам на општина Карпош е должен на барателот да му даде на запознавање условите покрај официјалниот извор, да му достави и правила и услови за проектирање и за градба кои проектантот и изведувачот на објектот се должни да ги почитуваат, во спротивно нема да добијат одобрение за градба.

2.      При одобрување на идејниот проект службеникот што го работи предметот ЗАДОЛЖИТЛЕНО мора да излезе на терен, да види кај ќе се гради тој објект, да направи фотографии од сите четири страни и да направи проценка на влијание на градбата врз околните куќи.

3.      Идејниот проект, фасадата, како и квалитетот на материјалите кои мора да бидат наведени во истиот, изгледот на објектот, ќе бидат одобрени од посебна општинска комисија составени од архитекти и градежни инженери.

4.      Најчесто инвеститорите испуштањето на еркерите ги користат до максимум, (1.5 метри) и тоа по целата странична линија на објектот. Според новите правила, еркерот може да биде до 40 проценти станбен простор, 30% еркерни тераси и 30 проценти празна фасада без еркер.

5.      Инвеститорoт пред добивање со идејниот проект мора да ни достави и договор меѓу инвеститорот и сопственикот на земјиштето и задолжително истиот да биде заверен од два адвокати. Едниот што ги штити интересите на инвеститорот, а вториот кој ги штити интересите на земјиштето.

6.      Купувачите на станови исто така задолжително на договорот мора да имаат доказ дека при потпишување на купопродажниот договор користеле адвокат кој ги штител нивните интереси.

7.      Инвеститорот во купопродажниот договор мора да го наведе и гаражното место кое му следи со станот на купувачот. ВО договорот мора изричито да биде наведена посебна цена за станот и посебна цена за гаражното место.

8.      Инвеститорот и изведувачот мора во купопродажниот договор на купувачот да му дадат три годишна гаранција за кровот, за вентилационите системи и за водонепропустливост на бањите, како и прописно дихтување за впивање и функционирање на прозорите и надворешните врати.

9.      Инвеститорот мора да наведе кој ќе ја врши изведбата на објектот, а изведувачот, мора да достави изјава дека е запознаен со сите правила кои ги пропишала општина Карпош.

10.   При уписот во катастар мора до општината да се достави купопродажните договори меѓу инвеститорот и купувачите на становите, задолжително ќе се проверуваат и доказите дека е купено гаражно место.

11.   Уписот во Катастар ќе ја врши тричлена комисија која ќе оди на лице место да ја изврши проверката на објектот кој  е изграден и на истата ќе присуствува и градоначалникот.

12.   Должен е за секоја плоча почнувајќи од темелната до последната да го известува градежниот инспектор кога истата ќе биде завршена со армирачките работи.

13.   Градежната јама за паркинг местата не смее да биде подлабока од 2 метра и приземјето мора да почнува од кота 100 см. Тоа значи гаражите мора да бидат еден метар над земја ради поблага рампа за спушта и помала манипулација при влезот на возилата во гаражниот простор.

14.   Гаражите не смеат да бидат повисоки од 2.3 метри од плоча до плоча.

15.   Доколку градежната јама оди од крај до крај на плацот и доколку комшиските куќи се поставени поблиску од 3.5 метри до оградата на објектот што се изведува инвеститорот и изведувачот се должни на сопствениците да им издадат банкарска гаранција во износ од 15.000 евра дека нема да го оштетат нивниот имот, нема да ја загрозат безбедноста на семејствата кои што живеат во соседните објекти и дека секое оштетување што ќе се направи соседите ќе имаат ефикасно средство за наплата, без да ги молат изведувачите и инвеститорите. За активирање на оваа банкарска гаранција ќе се склучи посебен договор меѓу изведувачот и имателите на соседните објекти.

16.   Банкарска гаранција од 15.000 евра ќе се издаде и на локалната самоуправа како гаранција дека нема да се оштети општинската инфраструктура (тротоари, рабници, коловоз, подземни инсталации) И за ова ќе се потпише посебен договор

17.   Најстрого се забранува користење на тротоарите и коловозите за одлагање на градежен материјал. Особено на извршување на армирачки работи на тротоарите и коловозот.

18.   Целокупната арматура што се става на плочите, столбовите и цирклажите мора да биде подготвена во армирачки погон и истата да биде монтирана во еден ден. Тоа значи, донесување на материјалот, истовар и монтажа во еден ден за што се должни да обезбедат посебно одобрение од сообраќајната полиција дека тој ден на дел од улицата ќе извршат истовар на материјал и истиот до 20.00 часот ќе биде отстранет од тротоарот и коловозот.

19.   Бетонирање со миксери за бетон и употреба на пумпи за бетон ќе се врши исклучиво со одобрен елаборат за затварање на тој дел од улицата од страна на сообраќајната полиција.

20.   ВО недела и на државен празник најстрого се забрануваат градежни работи.

21.   ВО саботите градежните активности не смеат да почнат пред 08.00 часот и мора да завршат до 16.00 часот.

Непочитување на одредбите од овој Правилник ќе повлекуваат неодобрување на градежни дозволи, а не почитување на одредбите од истите при изведба на објектот ќе резултатираат со затварање на градилиштата.

Прекршителите и неодговорното изведување при изведбата на објектите ќе резултира со забрана за издавање на одобриение за градба на ивеститори и изведувачи кои не ги почитувале правилата.

Одредбите од овој Правилник се однесуваат за градби А1, односно индивидуални објекти кои масовно се претвараат во колективно домување и за кои при изведбата имаме огромни поплаки од страна на граѓаните затоа што се е подредено на изведувачите на објектите, а безбедноста мирот, спокојноста и сигурноста на соседите е целосно маргинализирана“, рече тој.



Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛИТЕ ГИ ПОВИКУВААТ НА СРЕДБА СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ОД КОЧАНИ - ќе можат да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка

ОБВИНИТЕЛИТЕ ГИ ПОВИКУВААТ НА СРЕДБА СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ОД КОЧАНИ - ќе можат да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка

Скопски таксист седеше на возилото за да го одбрани од пајак

Скопски таксист седеше на возилото за да го одбрани од пајак

Ивановска ја повика Димитровска да си поднесе оставка како претседателка на ДКСК

Ивановска ја повика Димитровска да си поднесе оставка како претседателка на ДКСК

„ОВА Е КЛУЧЕН МОМЕНТ НЕ САМО ЗА УСТАВНИОТ СУД, ТУКУ И ЗА ВАШИТЕ КОЛЕГИ НАСЕКАДЕ ВО СУДСТВОТО“: амбасадорката Агелер со јасна порака

„ОВА Е КЛУЧЕН МОМЕНТ НЕ САМО ЗА УСТАВНИОТ СУД, ТУКУ И ЗА ВАШИТЕ КОЛЕГИ НАСЕКАДЕ ВО СУДСТВОТО“: амбасадорката Агелер со јасна порака

„НОВА ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗБОР НА НАДВОРЕШНИ ЕКСПЕРТИ“: Националната агенција за европски образовни програми со мерки против корупцијата

„НОВА ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗБОР НА НАДВОРЕШНИ ЕКСПЕРТИ“: Националната агенција за европски образовни програми со мерки против корупцијата

КЛАСИЧНА ЗЛОУПОТРЕБА, ГИ СЛИКАТЕ ОСОМНИЧЕНИТЕ И ПРАЌАТЕ ПО МЕДИУМИ: Палевски вели не бегал откако дознал дека е осомничен

КЛАСИЧНА ЗЛОУПОТРЕБА, ГИ СЛИКАТЕ ОСОМНИЧЕНИТЕ И ПРАЌАТЕ ПО МЕДИУМИ: Палевски вели не бегал откако дознал дека е осомничен

СДСМ објави видео: Брат на градоначалникот на Гази Баба дивее со „мини купер“, полицијата не го казнува

СДСМ објави видео: Брат на градоначалникот на Гази Баба дивее со „мини купер“, полицијата не го казнува

СКОПЈЕ И БАРСЕЛОНА ПОВТОРНО ПОВРЗАНИ - ќе се лета два пати неделно, а се воведува и нова линија со Лион

СКОПЈЕ И БАРСЕЛОНА ПОВТОРНО ПОВРЗАНИ - ќе се лета два пати неделно, а се воведува и нова линија со Лион

ВОЗЕЛ СО 111 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС, А ДОЗВОЛЕНО БИЛО 50: уапсен жител на Тетово

ВОЗЕЛ СО 111 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС, А ДОЗВОЛЕНО БИЛО 50: уапсен жител на Тетово