Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ
Објавено во: Македонија 26 Април, 2025 17:36
Архитектот Мишко Ралев е најпосакуван избор за кандидат на градоначалник на Скопје во редовите на СДСМ за есенските локални избори, објави ТВ 24.
Ралев е декан на факултетот за архитектура и дизајн при Универзитет Американ Колеџ Скопје и поранешен претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Во времето на Димитар Ковачевски како партиски лидер, членуваше во Извршниот одбор на СДСМ.
Според информациите, СДСМ повторно ќе ги кандидира актуелните градоначалници - Горан Герасимовски во Центар, Томе Христовски во Крушево, Сашко Митовски во Крива Паланка и Сашко Комненовиќ во Чучер Сандево, а како стојат резултатите од анкетите, поддршка ќе добие Костадин Костадинов во Струмица.
Од СДСМ за телевизијата соопштиле дека општинските опрганизации напартијата доставиле предлог-имиња чиј рејтинг допрва ќе се мери на анкети.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




