„НАМЕСТО ДА ГИ БРАНИ ИНТЕРЕСИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, ГИ БРАНЕШЕ НА КОСОВО“: остра критика за поранешниот министер за надворешни
Објавено во: Македонија 28 Април, 2025 06:27
По бурната „реплика“ од страна на поранешниот министер за надоворешни работи, Бујар Осамни кон акутуелниот премиер Христијан Мицкоски за преговорите со Бугарија на патот кон членството во Европската унија, остри критики за поранешниот министер пристигнуваат и до домашните општествени критичари.
- Бујар Османи како министер за здравство беше осомничен за злоупотреба на службената должност, а како министер за надворешни работи го претвори министерството во испостава на ДУИ, наметсо да ја претставува и да ги брани интересите на Македонија тој го претставуваше и ги бранеше интересите на Косово, и потпиша договор со Бугарија со кој ги негираше историјата и идентитетот на етничките Македонци, ја стави државата во подредена положба во однос на Бугарија, и го отежна приемот на Македонија во ЕУ - напиша на социјалните мрежи професорката Мирјана Најчевска, која редовно без „влакана на јазикот“ ги критикува сите активни или поранешни владини претставници.
Таа дополни дека Османи е човекот кој од позиција на министер за надворешни работи го приватизираше министерството и ги исклучи од добивање информации од амбасадите премиерот и претседателот на државата.
- Тоа е човекот кој наместо да ја претставува Македонија како земја преседавач со ОБСЕ си се претставуваше себе си како преседавач.
Тоа е човекот кој манипулираше со средствата на МНР со цел оневозможување на работата на амбасадите.
Да имаше луѓе со кредибилитет во актуелната власт ќе поведеа постапка против него за злоупотреба на службената должност, дезавуирање на МНР, нанесување голема штета на државата и посебно на етничките Македонци - укажа Најчевска.
Претходно Османи му реплицираше на премиерот Христијан Мицкоски на неговата изјава, што предизвика бројни полемики во јавноста.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




