27 Април, 2024
0.0288

Јакшиќ: Со референдумот Македонците ќе изберат иднина која ќе биде подобра од онаа во времето на Филип и Александар

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Со референдумот, Македонците не го купуваат своето членство во две моќни организации, како што сакаат националистите да ја претстават состојбата. Со референдумот тие доброволно ќе ја изгласаат својата иднина, која секако дека ќе биде подобра од животот закован во времето на Филип и Александар, вели во интервју за МИА угледниот српски надворешно-политички аналитичар Бошко Јакшчиќ. 

- Сите оние кои го минираат, кои повикуваат на бојкот, собираат евтини националистички поени. И што доколку успеат, што доколку на овој начин се вратат на власт, со каква држава би управувале? Русија како осамена голема сила на сите начини работи да не дојде до договор со Грција, вели Јакшиќ.

Според него, интензивната дипломатска активност на лидери на ЕУ, НАТО и САД во Скопје изминативе недели со поддршка на договорот со Грција, е погрешна.

- Многу од оние кои се неопределени тоа го доживуваат како притисок, а на Балканот се знае како се одговара на притисок - со пркос. Македонците сами треба да сфатат, без преголема поддршка од страна, колку можат да добијат доколку на референдумот го изгласаат договорот. Треба само да се потсетат која цена Македонија ја плаќаше живеејќи со проблемот околу името кој траеше 27 години. Пропуштеното членство во НАТО кое беше договорено на самитот во Букурешт... Плебисцитот за името на државата го доживувам како тест за зрелоста на македонската демократија, истакнува Јакшиќ.

Целиот текст може да го прочитате на МИА , овде.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“