Јанчев најави изградба на парк на културата во Кавадарци
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2021
Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев најави изградба на парк на културата во Кавадарци.
Локацијата предвидена за новиот парк е во близина на турските гробишта, спомен костурницата и градскиот парк.„Мој општинар“ од добар пилот проект стана општински сектор кој и понатаму успешно ќе работи, најави Јанчев.
Тој се наврати на проектот за кој рече дека бил реализиран првпат во неговиот мандат, за помалку од 2,5 години. Појасни дека Кавадарци има реони, а секој реон свој општинар.
„Со ова ја доближивме Општината до народот. Направивме отворена општина за сите. Преку „Мој општинар“ секојдневно стигнуваат до службите сите барања на кавадарчани. Потоа се решаваат во најкус можен рок“, рече Јанчев.
Јанчев рече дека и во иднина овој сектор ќе работи во интерес на сите кавадарчани.