Јанева и врати на Стефанова: Гомнарка и ороспијо!
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2020
Драматичен крај на денешното судење за случајот „Рекет“ на кое сведочеше поранешната обвинителка од Специјалното јавно обвинителство Лиле Стефанова. По деталите кои ги изнесе Стефанова за тоа како Јанева влијаела за осомничените во случаите кои ги водеше СЈО, поранешната специјална јавна обвинителка Јанева почнала да дофрла по што реагирала судиката Васка Николовска Масевска.
На одење Јанева рекла „Гомнарке и ороспијо една“.
„Надвор изнесете ја обвинетата од судница“, наредила судијката по што полицијата веднаш ја исфрли Јанева од судницата, јавуваат медиумите.
Кога заминувала Јанева им се обратила на новинарите и им рекла - „Оти мачето ѝ го возев, затоа не чинам“.