Јанева кај Рускоска повеќе од три часа на распит
Објавено во: Македонија 20 Август, 2019
Околу 10 часот и 30 минути, специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева денес се појави пред Основоното јавно обвинителство за да даде исказ за случајот „Рекет“.
Повеќе од три часа, Јанева е на распит и сеуште не е излезена од ОЈО.
Пред да влезе во Обвинителството, Јанева даде изјава за медиумите дека таа сеуште е Специјален Јавен обвинител и дека нејзините колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд, исто така таа пред новинарите истакна дека се надева дека нејзиното денешно сослошување ќе помогне во истрагата.
Повеќе детали во текот на денешниот ден.