Јанева не знае дали ќе биде осомничена во „Рекет“
Објавено во: Македонија 20 Август, 2019
Специјалната јавна
обвинителка, Катица Јанева по скоро пет часа распит, излезе од Обвинителството
и неколку минути одговори на неколку прашања на новинарите кои со часови ја
чекаа пред ОЈО.
Јанева пред медиумите рече дека била во обвинителството во својтсво на сведок и дека тоа што зела со себе правен консултант било нејзино право.
„Мора да бидете трпеливи, ќе се гледаме уште“, рече Јанева и додаде дека не знае дали ќе се прошири истрагата.„Истрага е оваа, во истрага не се споделуваат информации“, рече обвинителката и додаде дека се уште се работи на случајот и очекува дека ќе има судење.
Одговарајќи на новинарско прашање за нејзините телефони, таа рече дека и двата телефони и се одземени и се на анализа во обвинителството, форматираниот и подарен мобилен бил трет.
Јанева категорично рече дека не чувствува вина, а за тоа што барала спогодба за случаите „Империја“ и „поштенска банка“ имало време кога ќе се објасни