20 Мај, 2024
0.0262

ЈАНЕВА ЗА ПАНЧЕВСКИ: Tоа што го снимал својот стан, треба да биде предмет на психијатриска опсервација

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева демантира дека бил одземен клуч од домот на екс-претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, при претрес на неговиот стан. 

„Апсолутно не е одземен клучот од домот на Панчевски! Да појаснам, во моментот кога ние имавме наредба од суд да извршиме претрес, во станот на Панчевски, немаше потреба никаква да земаме без потреба никакви работи. Ние можевме да земеме се што е предмет на наредбата и се е одзмено со записник за претрес и тоа и го направивме. А, тоа што тој го снимал својот стан, треба да биде предмет на психијатриска опсервација“- рече Јанева. 

Специјалната обвинителка тврди дека истражителите не биле известени дека тој има видео надзор во домот, а од нивна страна со помош на крим-полиција бил сниман претресот и во судот и во станот на Панчевски.

Судијата Владимир Панчевски денеска обвини дека во четвртокот минатата недела настапил „целосен мрак за правдата во Македонија“ со, како што вели, „незаконитиот и брутален претрес“ што врз него го извршиле Специјалното јавно обвинителство и истражители на Министерството за внатрешни работи.

Тој тврди дека никогаш не местел предмети, а шпекулациите за постоење на двоен АКМИС, преку кој тој ги следел предметите од дома, ги оценува како „параноидни халуцинации за некакво сценарио во нечија глава“.

За камерите во домот рече дека ги поставил поради семејни причини. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража