25 Ноември, 2024
0.0397

МАКРАДУЛИ ВО ПОШТА НАСЛЕДИ ЗАГУБА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА И 2.000 ВРАБОТЕНИ - се подготвува ли продажба на државното претпријатие

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Кога пред три месеци дојде на челната позиција на Пошта, затекна загуба од близу два милиони евра, но и околу 2.000 вработени. Короната и пропаста на Еуростандард банка му зададоа дополнителен удар на ова акционерско друштво во државна сопственост, кое и онака се бореше со наталожените загуби, нискиот квалитет на услугите и незадоволство на клиентите.

Сега новиот директор на АД Пошта на Северна Македонија, Јани Макрадули е пред клучниот предизвик за оваа компанија, а тој е да профункционира платниот промет преку филијалите на Халк банка, која потпиша договор за соработка со Пошта, откако пропадна Еуростандард банка преку која претходно се плаќаа сметките и се вршеа други трансакции. Најавениот термин е први март, што значи дека за помалку од две недели треба да профункционира вршењето на услугите на платниот промет преку филијалите на Халк банка.

ОД ПРВИ МАРТ ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ ЌЕ ОДИ ПРЕКУ ХАЛК БАНКА - НАЈНИСКА ПРОВИЗИЈА ЗА КЛИЕНТИТЕ

Во разговор за Фактор, Јани Макрадули вели дека финалните подготовки течат успешно, па затоа очекува дека предвидениот рок ќе биде запазен, а граѓаните ќе ги добијат услугите со најниска провизија.

„Пошта од 1 март повторно станува најголемиот партнер на граѓаните во платниот промет. Изборот на Халк банка за наш партнер беше со цел да имаме најмала провизија за нашите коминтенти при плаќањето на сметките, и тоа на над 300 точки низ целата држава. Ваквата понуда и широка мрежа и во најоодалечените места ја има само Пошта како универзален снабдувач на услуги“, објаснува Макрадули.

Новиот директор на Поштата тврди дека секоја недела, заедно со неговиот тим се во обиколка на поштенските единици, со цел да ги согледаат условите на теренот, за да може непречено да почне и реализација на платниот промет преку Пошта.

„Она што имаме можност да го видиме е дека финалните подготовки успешно се комплетираат и засега очекувам дека се ќе започне според предвидениот термин и план“, вели Макрадули.

ОДЛУКАТА ЗА ПРОДАЖБА ИЛИ НЕ ЌЕ ЗАВИСИ ОД ИНТЕРЕСИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Дали Поштата ќе се продава на странски инвеститор, како што неодамна најави Владата, обзнанувајќи дека за оваа цел ќе се прави физибилити студија, а првиот вицепремиер Артан Груби дури и откри дека Пошта на Словенија е заинтересирана за нејзино купување, или, пак, властите во земјава се откажаа од таа идеја, Макрадули не е конкетен во одговорот. Вели дека одлуката ќе зависи од интересите на граѓаните, но дека главно е прво Пошта да се врати на патеките на профитабилноста и да се модернизира.

„Уште со доаѓањето на чело на Пошта истакнав дека го вложувам целокупниот мој капацитет со цел да ја вратиме Пошта таму каде што припаѓа - меѓу граѓаните. Тоа значи дека мора како компанија да испорачуваме квалитетни услуги и да бидеме профитабилни. Тоа е она на кое што работиме - конкретни и видливи резултати и целосна трансформација на Пошта.

Во однос на финалната одлука околу (не)продажбата на Пошта, како Влада и менаџмент на компанијата ќе се водиме од јавниот интерес и она што е најдобра одлука за секој граѓанин. Но, без обид да ја промениме и модернизираме Пошта било каква одлука да се донесе, нема да ги даде посакуваните резултати“, потенцира Макрадули.

КЛИЕНТИТЕ СЕ НЕЗАДОВОЛНИ ОД УСЛУГИТЕ, ТОА МОРА ДА СЕ СМЕНИ

Не е тајна дека Пошта е еден од најголемите загубари во земјава. Преживеа страшен пожар, квалитетот на услугите постојано се намалуваше, приходите се топеа, а според многумина, таа во себе привлече огромен број партиски кадри, главно на ДУИ која речиси постојано го добиваше менаџерското место, па сега брои дури 2.000 вработени. Сепак, како главна причина на загубите се смета отписот на долговите што го правеле претходните власти. Макрадули не крие дека корона кризата и пропаста на Еуростандард, биле само дополнителен удар.

„Загубата на Пошта во моментот кога станав генерален директор изнесуваше над 115 милиони денари (1,87 милиони евра - н.з.). Во најголема мерка таа се должи на дел одлуки на претходните влади за отпис на долгови. Дополнително, минатата година на зголемување на проектираната загуба влијаеше и корона кризата, како и пропаѓањето на Еуростандард банка која беше партнер во реализирањето на платниот промет преку Пошта“, објаснува Макрадули.

Всушност, само пропаѓањето на Еуростандард банка негативно се одразиловрз работењето на Пошта генерирајќи над 15 милиони денари односно речиси 250 илјади евра помал приход во касата на ова акционерско друштво во сопственост на државата.

„Периодов максимално го користиме со цел забрзување на целокупниот процес на одново функционирање на платниот промет и целокупно законско и професионално комплетирање на соработката со Халк Банка“, вели Макрадули.

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ПОШТЕНСКИТЕ УСЛУГИ

За Пошта да се модернизира и конечно да го надмине периодот на загубарско работење, ќе биде неопходна дигитализација на поштенските услуги. Формирани се работни групи за целосна дигитализација на работата на Пошта, како и конкретни активности за воведување на услуги за граѓаните и компаниите во доменот на е-трговијата. Поштата, вели нејзиниот прв човек, интензивно склучува и нови договори за користење на нејзините услуги од страна на нови приватни компании, но и враќање на дел од претходните лојални клиенти, како што се владините институции, општините и јавните претпријатија.

Се работи и на нови пакети и можности за додатно снижување на цените.„Важно да се спомене и дека веќе работиме на редефинирање на пакетите на услуги, со цел да понудиме уште поконкурентни цени кои пазарот ги бара. На ова, би сакал да ја додадам и иницијативата за регионална соработка и размена на know-how со поштите од целиот регион, а со поддршка и на програмите на ЕУ“, вели Макрадули.

Не е тајна дека во изминатиов период во Пошта имаше огромен број вработувања. Дали се соочуваат со превработеност, го прашавме Макрадули.„Ќе бидам конкретен, Пошта во моментов брои нд 2.000 вработени. Работа има за сите, но она што ме загрижува е што постои не баш занемарливо незадоволство од дел од корисниците на услугите на Пошта. Тоа го менуваме!Мојата, како и цел на целокупниот менаџмент е да ги зголемиме и професионализираме услугите со што секој вработен ќе може да покаже максимална продуктивност и ориентираност кон услуги од кои граѓаните ќе бидат задоволни“, објаснува директорот на најголемата поштенска компанија.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел