20 Април, 2024
0.0254

Јапонките живееат најдолго, и не се дебелеат-еве зошто?

Објавено во: Стил 19 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Последните 25 години Јапонките го држат рекордот како најдолговечни жени на светот, бидејќи во просек живеат 84 ипол години, а со тоа и не се дебелеат.

Во својата книга „Јапонките не стареат ниту се дебелеат“, Наоми Моријама ги води читателите во светот на мајчината кујна во Јапонија и ги открива одговорни за долг и здрав живот. Моријама наведува дека намирниците кои помагаат во слабеењето едноставно се дел од секојдневните јапонски кујни кои се конзумираат разновидно, а тоа се риба, морски билки, овошје, соја, ориз, зеленчук и зелен чај.

Инаку, Јапонците секојдневно уживаат во готвени оброци, при што традиционалниот оброк се состои од риба на жар, чинија ориз, готвен зеленчук, супа, зелен чај и овошје. При тоа важно е да се истакне дека Јапонците консумираат околу 10 одсто од сите риби на светот, иако сочинуваат 2 одсто од светската популација.

Моријама, исто така, наведува дека уште од детството родителите ги учат дека мора да јадат полека и да го ценат секој залак. Правилата на кои мора да се придржуваат подразбираат дека никогаш не смееат целосно да ја наполнат чинијата ниту да сервираат голема порција, дека секоја намирница мора да биде посебно сервирана.

Моријама истакнува дека јапонската кујна со причина е лесна и во неа се готви полека, намирниците воглавно се готват, кратко се препекуваат на жар, или се готват на пареа. Наместо со леб, Јапонците со секој оброк јадат ориз и тоа претставува голема разлика помеѓу тоа како се јаде на Исток и на Запад.

Во Јапонија доручекот се смета за најважен и најголем оброк и може да се состои од бројни намирници и пијалоци, а кој воглавно го сочинуваат зелен чај, ориз готвен на пареа, супа, тофу, млад лук, морска трева, омлет или парче риба.

Слатки десерти во Јапонија ретко се јадат, а кога се на менито обично станува збор за мали порции, што не значи дека Јапонките не сакаат чоколада, колачи, сладолед и торти, туку сфаќаат колкава сила имаат овие јадења и кои несакани последици може поради нив да ги има телото.

„Вежбањето е дел од секојдневната рутина во Јапонија и секојдневие на Јапонците вклучува прислино вежбање, а изградиле цела „култура на велосипедизам, одење и планинарење“, истакнува Моријама.

 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган