Јас го сакам Скопје, а вие?
Објавено во: Мои пари 19 Јули, 2013
Скопје е мој град. Тој ги пишува приказните на мојот живот. Го сакам Скопје кога мириса на липи и цути во пролет. Убав е и кога во студените зимски ноќи снегот натежнува на гранките. Го сакам и во лето кога со пиво се ладиме во парковите, а во есен уживаме во прошетките. Го сакам Скопје кога сите се журкаме на забавите, пееме на фестивалите, филозофираме до раните утрински часови...
Сигурно и вашите причини се безброј и интересни за споделување. Како дел од иницијативата за одбележување на 50 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, започнува акцијата „Го сакам Скопје”. Искористете го “hash” тагот #госакамскопје и на Facebook или на Twitter допишете ја причината зошто Скопје е град кој се сака.