09 Октомври, 2024
0.0259

ЈАВАВМЕ ЧЕТИРИ ДЕНА ПО ВЕТЕР И ПО ДОЖД: Елена и Драгана, двете дами од коњаницата за Илинденскиот марш

Објавено во: Стил 02 Август, 2018

Добивај вести на Viber

„Патувањето траеше 4 дена. Во неколку наврати имаше невреме, но желбата во нас да стигнеме до славно Крушево беше поголема од сите препреки кои ни излегоа“, изјавија Елена и Драгана


Во ниту една ситуација не помисливме да се откажеме, и покрај сите физички потешкотии мотивацијата ни беше голема.- Драгана (напред) и Елена зад неа 

Елена Мишева и Драгана Каловска се двете девојки кои заедно со коњаницата од скопско Лисиче, четири дена на коњ патуваа до Крушево, како дел од традиционалниот Илинденски марш. Ниту невремето кое ги пречекало на патот не ги спречило овие храбри девојки да ја остварат својата цел.

„ Тргнувањето на коњаницата започна со манифестација во Лисиче на 27 јули, на 28 тргнавме за градот Велес каде што положивме цвеќе на споменикот на Питу Гули.  Патувањето траеше 4 дена. Во неколку наврати имаше невреме, но желбата во нас да стигнеме до славно Крушево беше поголема од сите препреки кои ни излегоа. Морам да кажам дека за јубилејот 40 години коњаница, граѓаните на Велес не пречекаа додека Општинската управа и Градоначалникот на тоа невреме не одбија“, раскажаа за Женски магазин Елена, која за прв пат се соочува со овој предизвик, и Драгана, која и лани беше дел од коњаницата.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.