19 Декември, 2025
0.2658

Јавни набавки: Над 10.000 склучени договори без објавување оглас

Објавено во: Економија 09 Мај, 2013 09:22

Добивај вести на Viber

За само четири години двојно се намалиле жалбите по јавните набавки покажуваат податоците во годишниот извештај на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2012 година. Така, во 2009 година до Комисијата биле упатени 1.044 жалби, додека лани овој број се намалил на 585. Ваквиот позитивен резултат според Комисијата се должел на едукацијата на економските оператори, но и ажурирањето на податоците од Државната комисија за жалби по јавни набавки на својата интернет-страница. Но, доколку се споредат податоците на уважените жалби, ќе се види дека низ годините овој број се намалува. Така, во 2009 година 60,41% од жалбите биле одбиени или отфрлени, во 2010 година 61,26%, во 2011 година 59,64%, а во 2012 година одбиени или отфрлени жалби имало 56,24%. Државната комисија наведува дека причините поради кои релативно голем број од изјавените жалби се отфрлени, е што жалителите не платиле административни такси и надомест за водење на жалбена постапка. Вкупниот износ кој жалителите го имаат уплатено за водење на жалбена постапка во текот на минатата година изнесува 190.849 евра. Најмногу жалби на постапки во кои главен критериум е најниска цена Доколку се направи споредба со претходните години, забележлив е порастот на бројот на постапките каде како критериум за избор е утврден најниска цена така што лани, тој број е најголем до сега, вкупно 449 жалбени предмети. Во Комисијата сметаат дека ова било позитивен тренд оти на таков начин се искпучувала примената на критериуми кои создавале потешкотии при евалуацијата на понудите и можност за субјективно оценување на понудите. Но, претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Марјанчо Николов од СДСМ смета дека и во ваков случај се изигрувал законот, во случај кога се применувале анекс договори. “ Се почнува од најниска цена од  денари и таа му дава на економскиот оператор да го добие тендерот, ама после анекс, па уште еден анекс, па трет и цената може да стаса и до 1,000 денари“, изјави вчера Николов. Од вкупно 561 жалбени предмети по кои лани постапувала Државната комисија, во 286 предмети како договорен орган се јавуваат државните органи а во 275 предмети договорни органи се општините, Градот Скопје и јавните претпријатија. Над 10.000 склучени договори без објавување оглас Минатата година, според податоците на Комисијата за жалби по јавните набавки биле склучени вкупно 9.636 договори преку барања за прибирање на понуди без објавување на оглас и 1.101 договори преку постапки со преговарање без претходно објавување на оглас или вкупно 10.737 договори. Лани за концесии биле објавени 13 огласи и за нив имало четири жалби, а за јавно-приватно партнерство имало 10 објави за кои имало само една жалба. Вредноста на жалбените предмети изнесува околу 12 милијарди денари. Комисијата за жалби по јавните набавки се жали на мал буџет Одобрениот буџет на Државната комисија за лани изнесувал 188.617 евра и истиот според Комисијата бил недоволен за нормално функционирање, особено за кадровско доекипирање и опремување на административно - деловните простории со основните средства за работа како и за стручно усовршување на вработените во Државната комисија. Досегашните резултати во работата биле постигнати со максимален напор од малиот број на вработени во комисијата. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?