18 Мај, 2024
0.0327

ЈАВНОСТА ГНЕВНА, НЕМА ЗБОР ОД МИНИСТЕРОТ, НИТУ ОД ИНСПЕКТОР: Случајот со Ембла и нефункционалноста на системот

Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Силни реакции кај јавноста предизвика одлуката на родители на учениците од едно одделение од гостиварското основно учлилиште Башкими. Тие одлучиле да не ги пуштаат децата на настава поради тоа што во училницата доаѓа и со нивните деца учи и 11-годишната Ембла Адеми, дете со посебни потреби, односно Даунов синдром.

Родителите не сакале нивните деца да одат во исто одделение со Ембла затоа што според нив таа е агресивна и ја попречува наставата. Директорот на училиштето изјави дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки“ во текот на наставниот процес, информација која ја негира таткото на девојчето. 

Додека јавноста оправдано ги критукува родителите кои лошо и комплетно погрешно ги воспитуваат децата, се уште не стаса реакција од Министреството за образование, Просветниот инспекторат, а проактивна улога не зазема ниту гостиварскиот директор. 

Таткото на Ембла, кој за случајот објави на социјалните мрежи, вели дека девојчето учело само во голема сала и се греела со мал радијатор. Одбиле да ги прифатат тие услови, по што им се јавил директорот и им рекол да ја донесат за да учи со другите деца.

Ембла ја посетиле и претставници на Центарот за деца со посебни потреби „Хандимак“, а директорот Адем Идризи вели дека Ембла никогаш не била агресивна.

НАЈНОВА ВЕСТ

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири утрово на Фејсбук соопшти дека на негово задоволство и на задоволство на нејзиното семејство, Ембла продолжува да стекнува нови знаења, да напредува и да ги развива пријателствата со своите врсници.

Шаќири напиша дека Ембла не ја почувствува радоста од повторното враќање во училишните клупи на првиот ден од второто полугодие, затоа што, за жал, како што вели, „во нашето општество се уште постојат стереотипни размислувања и предрасуди за луѓето со посебни потреби“.

– Среќата во очите на Ембла е наша заедничка среќа. Победа на општеството и на вистинските човечки вредности. Посакувам вакви ситуации да не се повторуваат. Затоа, мораме да продолжиме да даваме придонес кон подигнувањето на свеста за децата со попреченост. Тие не се поразлични од другите и заслужуваат еднаков пристап до квалитетно образование како и сите други. Тоа е основно право и должни сме да го овозможиме, да создадеме услови во кои секое дете ќе го развива и ќе го реализира својот полн потенцијал. Да докажеме дека подигнувањето на инклузивноста на образовниот систем е наш врвен приоритет и процес кој ќе продолжиме да го спроведуваме. Драга Ембла, ти посакувам успех во понатамошната едукација. Застанувам позади тебе во секоја следна битка!, напиша Шаќири на својот фејсбук-профил.

Сепак проблемот настана претходно а оваа реакција е задоцнета


Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци