ЈАЗ МЕЃУ ПЛАТИТЕ: Кој е на дното, а кој на врвот со приходи?
Објавено во: Економија 23 Март, 2018
Зависно од секторот има големи разлики во платите во Македонија.
Стандардно најслабо платени се луѓето кои се занимаваат со производство на чевли и облека.
Само 13 743 денари се заработуваат во Производство на кожа и слични производи од кожа, а 14 883 денари во производство на мебел. 13 736 денари во Заштитни и истражни дејности, и 15 028 денари во Производство на облека.
112 831 денари е просечна исплатена месечна нето-плата по вработен, во јануари 2018 година во секторот Спортски, забавни и рекреативни
дејности, објави Државниот завод за статистика. 84 240 денари е во воздухопловен транспорт.
52 908 денари е во секторот Компјутерско програмирање,
консултантски и сродни дејности.
42 697 денари во телекомуникации, а 39 713 денари е во финансиски и дејности на осигурување.
41 056 денари во информации и комуникации, а 39 806 денари во Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација.
44 159 денари во Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати.