02 Мај, 2024
0.0377

Јолеска Поповска: Намалувањето на каматите од НБМ е сигнал дека компаниите може да инвестираат

Објавено во: Економија 12 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Намалувањето на основната камата поттикнато од страна на Народна банка е показател дека македонската економија има простор за нови инвестиции, вели во интервју за Фактор, Јованка Јолеска Поповска, главен извршен директор на ПроКредит банка.

„Претприемачите кои досега заработувале пасивна камата од своите заштеди, сега имаат простор да ги насочат своите средства во нови инвестиции кои ќе им донесат поголема заработувачка. Овој тренд е позитивен и за банките, бидејќи во услови на зголемени инвестиции, банките имаат простор за поддршка на пазарот со кредити за тие инвестиции. Очекувањата за движењата на каматните стапки во иднина зависат од поголем број на фактори како нивото на ризик на инвестициите, цена на изворите на финансирање, цена на штедни влогови и слично, и не би можело  да очекуваме дека интервенциите од НБРМ би влијаеле директно на каматните стапки на кредитите, вели директорката.

Што всушност вие им нудите на домашните компании? Какви продукти?

Фокусирани сме на одлична услуга за правни лица кои соработува со ПроКредит, правиме комплетна финансиска анализа на активноста на претпријатијата и целиме кон едноставна и транспарентна соработка со клиентите.Секој клиент кој соработува со нас добива финансиски лимит и во соработка со бизнис советник за клиенти ги дефинираат најсоодветните кредитни производи за претпријатието. На клиентите им нудиме комплетна флексибилност и достапност на сите наши услуги 24/7. Располагаме со Зони 24/7 кои работат постојано, дури и за неработни денови, и овозможуваат уплати/исплати на готовина во денари и евра, принтање на изводи и процесирање на налози за плаќање во секое време. Дополнително електронското банкарство на ПроКредит Банка им овозможува на клиентите банкарско работење директно од нивната канцеларија за секаков тип плаќања во земјата и странство, како и за електронско потпишување на договори.

Целото интервју овде.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија