18 Мај, 2024
0.0311

Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ победи во Брвеница, општина со мнозинство Албанци

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Општина Брвеница повеќе не е на списокот на општини кои треба да ги водат Албанци. За разлика од 36 гласа, оваа општина во следните четири години ќе ја води македонската партија, ВМРО-ДПМНЕ со Јовица Илиевски.

Денеска во трка беше и независниот албански кандидат Енвер Пајазити. Но, во првиот круг кандидати имаа и другите албански партии, тоа затоа што не успеаја да се договорат за заеднички албански кандидат за оваа општина.

„Кога успехот на општината е приоритет тука нема национална и верска припадност, кога сонот за просперитетна Општина Брвеница е на дофат таа прилика се зграбува. Мојата визија за успех за сите нас, конечно ќе биде реализирана.

Ви благодарам на сите, ви благодарам мои пријатели македонци, албанци, срби, турци, роми и останати. Ви благодарам затоа што ја донесовме новата иднината во Општина Брвеница. Ви благодарам затоа што нашиот сон ќе биде јаве за нашите деца!“, напиша Јовица Илиевски на својот профил на Фејсбук.

Влатко Ѓорчев, гласноговорникот на ВМРО-ДПМНЕ, претходно рече дека оваа партија за прв пат ќе има свој градоначалник во оваа општина која е формирана во 1996 и речиси има двојно повеќе етнички Албанци отколку Македонци.



Можеби ќе ве интересира

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?