ЈСП со нов распоред на возниот ред
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2014 13:45
Според известувањето од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) линиите од Исток кон Запад се пренасочени на следниот начин:
-линиите бр. 3, 3А, 3Б, 5, 7, 7Б, 15, 15А, 21, 21А, 22, 25 кои се движат по бул.„Кочо Рацин“ продолжуваат по ул. Св.Кирил и Методијј кај Рамстор и продолжуваат по своите траси; -линиите бр. 26, 50, 57 , 57А и 59 кај градска болница вртат лево по ул. 11 Октомврии , десно по бул. “Кочо Рацин” и ул. “Св.Кирил и Методиј” кај Рамстор и продолжуваат по своите траси; -линиите бр. 4 и 4А од ул..11 Октомврии вртат лево по бул. “Кочо Рацин” и ул. “Св.Кирил и Методиј” кај Рамстор и продолжуваат по своите траси; -линијата бр. 24 од подвозник К.Вода продолжува лево по ул. “Св.Кирил и Методиј” (пред Рамстор) и продолжува по својата траса.Сменета е трасата на движење и на линијата Сити турр наместо од кај Порта Македонија ќе почнува од постојката пред “Жена парк” и продолжува лево по ул. 11 Октомврии, десно по “Кочо Рацин”, ул.”Св.Кирил и Методиј” и продолжува.
Во обратен правец автобусите сообраќаат по непроменета траса.
Пренасочувањето ќе трае до завршување на градежните работи негде до крајот на месецов.
ЈСП информираа дека исто така поради градежни работи се сменети трасите на линиите 66 и 66Б. Промените на трасите е следнава:
-На линија 66 кога оди од Скопје до Бучинци, на Кадинска раскрсница врти лево кон Ајватовци, па преку Мршевци оди до Бучинци. Од Бучинци оди до Миладиновци (до постојката кај новата Хала), се враќа назад по истата траса до Мршевци, па преку Ајватовци продолжува по својата траса.
-На линија 66 Б кога оди од Скопје до Дељадровци, на Кадинска раскрсница врти лево кон Ајватовци, па преку Мршевци, Бујковци, Миладиновци до Дељадровци. На враќање се оди по истата траса преку Ајватовци кон Скопје. Пренасочувањето ќе трае до завршувањето на градежните работи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





