Јужноафрикански научници објавија охрабрувачки вести за омикрон
Објавено во: Свет 11 Декември, 2021
Нема знаци дека омикрон предизвикува потешка болест.
Јужноафрикански научници денеска ja објавија oваа информација.
Болничките податоци покажуваат дека бројот на пациенти примени со симптоми на ковид-19 сега нагло расте во повеќе од половина од деветте покраини на земјата, но бројот на починати не расте толку драматично.
Министерот за здравство Џо Фахла рече дека знаците кои говорат за сериозноста на болеста се добри.
„Иако расте бројот на хоспитализации, прелиминарните податоци сугерираат дека тоа се должи единствено на зголемениот број заразени лица, а не на тежината на болеста од варијантата омикрон“, рече тој.Во последните неколку дена во земјата се заразуваат околу 20.000 луѓе дневно. Имаше и прогнози дека овој сој ќе придонесе за побрзо завршување на пандемијата.