26 Април, 2024
0.0536

Кабинет на Ципрас: Заев ги урива псевдо-толкувањата на Нова демократија за националност, јазик и отстапување

Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас вели дека премиерот Зоран Заев со интервјуто ги разби сите аргументи на  грчкиот опозиционер, Киријакос Мицотакис против Преспанскиот Договор. 

Во соопштението од кабинетот на Ципрас наведуваат и делови од интервјуто на Заев поврзани со државјанството, јазикот, дека припаѓа во словенската група јазици и ставот дека „го признавме посебното културно наследство, посебната античка грчка историја во регионот“, пренесе МИА. 

Од кабинетот на грчкиот премиер се прашуваат, по сето ова, „каков нов извртен аргумент ќе измислат“ од опозициската Нова демократија за да ја поддржат позицијата на пратениците Адонис Георгиадис и Андонис Самарас.

„Сега кога самиот Зоран Заев целосно ги урива псевдо-толкувањата на екстремно десничарската група на Нова демократија за националност, јазик и отстапување, што ќе прави господинот Мицотакис? Зад кој нов смешен аргумент ќе се скрие за да ги задоволи неговите екстремно десничарски водачи?, прашуваат во соопштението, од кабинетот на Алексис Ципрас.

Заев во интервјуто покажа одредена доза на загриженост за тоа како ќе гласаат пратениците за Договорот од Преспа, но додаде дека овој Договор во иднина нема да се менува. 

Во однос на процесот кај нас, вели дека во овој момент не знае колку пратеници ќе гласаат „за”, но верува дека ќе бидат над 80. Објаснува дека во тек е процесот на поднесување на амандмани за уставните амандмани

Премиерот, преку грчкиот весник, упатува порака до грчките граѓани дека сите одлуки што се носат од македонските институции се засекогаш.

„Пред сѐ, станува збор за закон и исто така тоа е уставна промена. Го променивме нашиот Устав бидејќи веруваме во подобра иднина за нашите граѓани и за целиот регион и за да пратиме порака до Европа за европски Балкан. И навистина, Грција има право да биде земја лидер на Балканот“, вели македонскиот премиер во интервјуто, пренесе МИА.

За реакциите од опозициите и во Македонија и во Грција, Заев коментира дека тие се идентични.

Лидерот на грчката опозициска „Нова демократија“, Мицотакис жестоко ја критикуваше грчката влада и премиерот, Алексис Ципрас.

Тој, како што пренесе грчката агенција „АНА-МПА“ изрази надеж дека парламентарните избори, кои ќе се одржат годинава во Грција, ќе донесат полички промени и ќе ѝ овозможат на неговата партија да ја преземе власта.

Вели дека Грците се заситени од Ципрас и политичките избори што тој го направил.

Мицотакис е голем противник на Договорот од Преспа, и досега во неколку наврати изјави дека Ципрас им го подарил јазикот и националноста на скопјаните. Нему му пречат овие две работи, па дури и кажа дека ќе преговара повторно ако дојде на власт. 

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци