15 Декември, 2025
0.0336

КАБИНЕТ НА ВУЧИЌ: Поради бруталноста на Курти вооружените сили на Србија остануваат на највисоко ниво на борбена готовност

Објавено во: Балкан 27 Мај, 2023 13:00

Добивај вести на Viber

Совет за национална безбедност информираше дека српската војска останува во состојба на борбена готовност. 

Во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Србија денеска се одржа седница на Советот за национална безбедност посветена на последните случувања во Косово, објави N1.

„Поради бруталната употреба на сила од страна на Албин Курти и неговите сили против српскиот народ на Косово и Метохија, вооружените сили на Република Србија остануваат на највисоко ниво на борбена готовност до понатамошно известување, беше договорено на состанокот на Советот за национална безбедност“, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Нагласено е дека КФОР/НАТО не ја извршиле својата работа во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и Воено-техничкиот договор од Куманово.

Началникот на Генералштабот на српската армија, генерал Милан Мојсиловиќ, е овластен да одржува директен контакт со командантот на КФОР, во обид да се гарантира дека КФОР/НАТО ја исполнуваат својата функција и мандат, во согласност со релевантните акти на ОН и заштита на косовските Срби.

НАТО повика на деесскалација, откако вчера граѓани во северно Косово се судрија со полицијата. Градоначалниците со полиција влегоа во општините. На изборите победија кандидати од албанска националност, затоа што Србите ги бојкотираа изборите. 

Утрово е мирно во северно Косово. 

Фото: Танјуг/N1

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството