Кабинетот со почетничка грешка: Силјановска Давкова се сретнала со Рено-Басо, а не со Рамбусек
Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2024
Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска-Давкова дека на маргините на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин се сретнала со Барбара Рамбусек, директорка за родова и економска инклузија во ЕБОР, а таа всушност имала средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо.
Од објавената фотографија јасно се гледа дека Силјановска Давкова разговарала со Рено Басо, а не со Рамбусек
„Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Берлин, на маргините на Конференцијата за обнова на Украина, оствари средба со Барбара Рамбусек, директорка за родова и економска инклузија во Европската банка за обнова и развој“, беше напишано во информацијата.
Соопштението ја збуни јавноста зошто двете соговорнички посебно би разговарале за „промовирањето на родовата еднаквост, како клучен двигател на функционалната одржлива и инклузивна пазарна економија“, ако на фотографијата е Рено-Басо.
Откако од кабинетот на Сиљановска-Давкова ја увиделе грешката, еден час подоцна, во 13:25 часот, на нејзините официјални профили на социјалните мрежи Фејсбук и Икс, беше објавено дека претседателката се сретнала со претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо.
Грешката е исправена и во соопштението објавено на официјалната интернет-страница на претседателката.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.