КАДАР НА ДУИ ЌЕ ЈА ПРЕДВОДИ - Обвинителството формираше привремена Комисија за следење на изборите
Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2020
Јавниот обвинител донел Одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите.
„Настаните поврзани со претстојните предвремени парламентарни избори, закажани за 15 јули 2020 година, се од општ интерес на јавноста, па оттука, формирана е комисија која проактивно ќе ги следи настаните, во насока на заштита од криминални или други противзаконски дејствија и превентивно делување“, соопштија од обвинителството..
За претседател на Комисијата е определен Џељаљ Бајрами, јавен обвинител во Јавното обвинителство на РСМ. Членови на комисијата се јавни обвинители од вишите јавни обвинителства и Основното јавно обвинителство Скопје.
Комисијата на дневна основа ќе ги следи сите настани од државата поврзани со процесот на организирање и спроведување на изборите. За оние настани за кои ќе се оцени дека даваат индиции за евентуални сторени изборни нерегуларности, известувањата веднаш ќе се проследат до соодветното основно јавно обвинителство. Во исто време, ќе се дадат задолженија до основните јавни обвинителства за итно постапување, односно да формираат предмет и да преземат дејствија за утврдување на релевантни факти од кои зависи правилната примена на Кривичниот законик.
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, ги повикува граѓанските организации, политичките партии, домашните и меѓународни институции и сите лица кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, да достават поднесок/пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности на електронската адреса izbori@jorm.mk.
Џељал Бајрами и претходно ја предводеше Комисијата од обвинителството кои го следеа референдумот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.