Каде беше најстудено утрово?
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2016 09:31
Освен Битола и Тетово кои имаа температура од 0 степени, утрово сите други градови се со минусни температури.
Најстудено беше во Лазарополе -7.9, а температура под -5 е измерена во Берово и Крива Паланка. Во поголем дел од земјата денеска очекуваме релативно ведро време. Разведрувањето ќе биде само малку поспоро во пелагонискиот и дел од југоисточниот крај. Струењето на воздухот ќе премине во јужно во текот на попладнето. Максималната температура ќе биде во пораст во однос на на вчерашната и ќе се движи меѓу 6 и 9 степени. Во југоисточниот дел ќе биде во 10 степени.
Утре ќе имаме претежно сончево време со појава на локална облачност и повисоки утрински температури кои ќе се движат од -2 до 6 степени, а максималните дневни од 6 до 15 степени. Во петок ќе биде претежно сончево и потопло време со дневни температури кои ќе бидат во пораст и ќе се движат од 8 до 17 степени. Во сабота претпладне ќе биде претежно сончево, а попладне ќе има зголемување на облачноста и ќе преовладува умерено облачно време со максимални температури од 6 до 15 степени. Во недела времето ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне со услови за врнежи од дожд претежно во северозападните, западните и југозападните предели и температури од 5 до 14 степени.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




