19 Декември, 2018
0.2653
    ADIN 660    -5.71%     ALK 8200    -0.24%     GRNT 800    0.72%     KMB 5023.88    -0.5%     MPT 47000    0.61%     MTUR 4900    0%     RADE 1800    -0.88%     RMDEN16 96.2    -0.82%     STB 1285.06    -0.08%     TTK 1245    0%     USJE 23000    -2.13%     ZLRB 6170    0%

Каде беше ВМРО ДПМНЕ да им понуди алтернатива на младите додека беше на власт?

Објавено во: Колумни 22 Април, 2018

Тргнуваме со нова енергија, силно мотивирани напред. Нашата цел е Македонија во која секој млад човек ќе сака да живее и твори. Македонија на еднакви можности и перспектива за секој млад човек, напиша Лука Кржалоски, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил.

Кржаловски посочува дека тргнуваат на терен во секој Општински Комитет, во секој град, населено место и село, ќе допреме до секој млад човек, ќе ги слушнеме барањата и потребите на младите.

„Ние сме гласот на младите. Ќе понудиме алтернатива за младите, за Македонија. Младите заслужуваат подобро! Македонија заслужува подобро!“, пишува Кржалоски.


Надоврзувајќи се на низата коментари оставени под постот на Лука го прашуваме младиот лидер каде беше опозицијата додека беше на власт да им понуди на младите вистинска алтернатива која ќе ги задржи, а нема да ги избрка надвор од државата.

Каде беше да им понуди поголеми плати, реално да им го цени трудот, да им  даде работни места на сите, не само на оние со партиски книшки...

Каде беше да им ги отвори вратите на достојни студентски домови-но за сите, не да имаат предност оние кои се партиски потрчовци.

Не! На младите им е доста од лажни ветувања - тие треба да бидат на прво место во секоја држава-бидејќи светот им останува на младите, во младите секоја власт треба да го гледа и бара потенцијалот и да им овозможи достоен живот дома со чесно платен работен труд.

Ова важи и за актуелната гарнитура-нека имаат на ум дека за младите нема место во држава која не ги третира како што им доликува. Младите не се тие млади што биле некогаш-сега се храбри, ризикуваат и без да се свртат назад можат во секој момент да извадат билет во еден правец.

Затоа, бидете на штрек и изберете дали ќе си ги задржите младите или ќе ги натерат на живот во Германија, Италија, Америка ...

И.С.

Можеби ќе ве интересира

ПА ЛУЃЕ МОИ, ДАЛИ Е ОВА ВОЗМОЖНО?!

ПА ЛУЃЕ МОИ, ДАЛИ Е ОВА ВОЗМОЖНО?!

Сторија за Кинезот

Сторија за Кинезот

Ципрас не го убеди Путин за „Преспанскиот договор“

Ципрас не го убеди Путин за „Преспанскиот договор“

ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО – ЕКОНОМСКИ ПРОБЛЕМИ

ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО – ЕКОНОМСКИ ПРОБЛЕМИ