16 Мај, 2024
0.0267

Каде да патувате: Земја за секој карактер …

Објавено во: Стил 25 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Секој има своја визија за идеален одмор. Ако сте личност која сака да се излежува на плажа со коктел во рака логично е дека нема да се вратите среќни од планинарењето на кое ве наговорил вашиот партнер. За да избегнете такви случаи, внимателно одберете одмор според вашиот карактер.

Тивок тип

Обично сте резервирани, преферирате да одите на одмор со помала група луѓе - можеби само со вашите најдобри пријатели, или партнерот. Не ви е проблем сами да отидете во музеј, времето да го поминете читајќи книга на осамена плажа. Во суштина, сакате активности кои го стимулираат вашиот интелект и ви помагаат да ви се наполнат батериите. Места за вас се: Фиренца, Малдиви, Керала (Индија).

Отворен тип

Пријателски сте настроени, сакате излегувања навечер и дестинации каде сѐ е раздвижено. Друштвени сте и лесно склопувате нови пријателства. Сакате акција и авантура, интересни и необични ресторани, клупска сцена. Во основа, ви одговараат сите активности кои ги стимулираат сетилата. Места за вас се: Дубаи, Тајланд, Хаваи, Гоа, Белград, грчкиот остров Закинтос.

Експериментален тип

Имате бујна фантазија, интелектуално сте љубопитни, отворени кон нови и различни искуства. Вашиот идеален одмор е во метропола која ви допушта да се изгубите, да посетите авангардни изложби, или пак да одите на искачување по карпи во истиот аранжман. Сакате да пробате нови јадења и да откривате нови култури. Места за вас: Шпанија, Италија, САД, Лондон, Индија.

Конзервативен тип

Љубител сте на традиционалното. Новото не ве интересира. Сакате да посетувате места и да правите нешта кои се општествено прифатливи и одобрени од страна на семејството и блиските пријатели - посета на Париз заради Ајфеловата кула, на пример. Места за вас се: Англија, Блискиот Исток, Египет, Грција.