17 Мај, 2024
0.0267

Каде директорите на „Макошпед“ вложија 2,6 милиони евра?

Објавено во: Економија 10 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Малата скопска шпедиција „Макошпед“, позната по тоа што е голем акционер во „Европа“ и најголем во „Фершпед“ од продажба на недвижен имот лани зеде 3,15 милиони евра. Од нив за кратко време 2,6 милиони евра се книжени како „краткорочни вложувања“. Оваа вест со разочарување ја примија голем број мали акционери кои потајно и  очекуваа да ги огрее сонце и да земат дивиденда....

Во што менаџментот на „Макошпед“ вложи 2,6 милиони евра пари кои ги наплати од продажба на недвижен имот на компанијата во близина на македонско-грчката граница кај Битола?

Ова е „хот-топик“ прашање кое си го поставуваат бројни мали домашни акцонери во „Макошпед“. Од продажбата на складишта во близина на Битола на почетокот на ланската година „Макошпед“ заработи 3,15 милиони евра. Повеќе детали за оваа трансакција се достапни на следниот линк https://faktor.mk/-shto-prodade-makoshped-za-315-milioni-evra

Од приливот на тие средства кои во билансот на успех „Макошпед“ ги евидентира како останати приходи од дејноста, дури 2,6 милиони евра завршуваат во краткорочни вложувања.

„Фактор“ достави прашања до Одборот на директори на „Макошпед“ и доколу добиеме одговор ќе го објавиме во целост. 

Истовремено лани „Макошпед“ се подновил со подвижен имот (ставката од биланс на состојба постројки, опрема, транспортни средства, алат, погонски материјал, мебел) во вредност од речиси половина милион евра.

Овие две ставки заедно го достигнуваат износот на средства кои „Макошпед“ лани го зема од продажба на недвижниот имот (објекти и градежно изградено земјиште).

Ако се земе во предвид оперативното работење на малата шпедиција со голем акционерски капитал во „Фершпед“ и во “Европа“ од билансот на успех е евидентно дека компанијата е во загуба од 239.000 евра. Затоа што приходите се околу 845.000 евра, а оперативните трошоци изнесуваат 1,08 милиони евра.

Нето добивката за 2022 година изнесува 2,8 милиони евра и во целост е резултат на продажбата на недвижниот имот во близина на Битола.

„Макошпед“ има три поголеми акционери и сите тие се домашни компании. Најмногу акции односно 19 отсто поседува „Мепком“, втор е „Уготур“ од Скопје со 18,9 отсто и трет најголем акционер е големата кавадаречка челичарница ИГМ Трејд со 12,9 отсто од акциите. Во сопствен откуп „Макошпед“ чува 10 отсто од акциите. Над 32 отсто од акциите се наоѓаат во раце на повеќе од 640 домашни физички лица. 

Од друга страна „Макопшпед“ е најголем поединечен акционер во „Фершпед“ каде поседува 20 отсто од акциите. А во кондиторската индустрија „Европа“ е втор најголем акционер и поседува 20 отсто од акциите.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА