24 Ноември, 2024
0.0268

„КАДЕ ИМА ГОЛЕМИ ВЕТУВАЊА, ОДЕТЕ СО МАЛА ТОРБА“: Спасовски со „милион“ прашања до новата влада, ќе дебатирал со факти и аргументи

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

За економијата, стратешките интереси, минималната плата, и уште многу други теми, се дел од прашањата за кои поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски има многу нејаснотии.
Каде има големи ветувања одете со мала торба, предлогот за Влада е без план во економијата и стратешките цели.
Од она што денеска беше соопштено во јавноста при поднесувањето на предлогот за работа и состав на новата Влада јасно е дека не постои јасен план во делот на економијата, нема јасни правци за стратешките интереси а кадровскиот потенцијал којшто се нуди не одговара на очекувањата на граѓаните.

Не постои јасен план во делот на економијата. Како и на кој начин ќе се заштити минималната плата? Како ќе расте просечната плата во државата? Нема детален план како ќе растат пензиите и кој ќе биде системот на гарантирање на растот на пензиите. Како ќе се стопираат зголемувањата на цените, што ќе се прави во делот на здравството како еден од клучните сегменти.

За жал немаме ниту јасни правци за исполнување на нашите стратешки интерери, членството во ЕУ, освен декларативните.

Ова е Влада којашто е составена од една страна со кадри кои креираа политики во еден период на вледеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ до 2017 година, кои не може да понудат ништо ново или подобро од тоа што било во тој период. Од друга страна кадри кои не биле на позиции и за кои не можеме да кажеме како ќе постапуваат. Има предложени кадри за коишто самото ВМРО-ДПМНЕ имаше многу негативни ставови и мислења како опозицијата. Се сеќавате на изјавите за кандидатот за министер за здравство. Така да се тоа уште еднаш потврдува дека нема реалност во ветувањата. Детално ќе ја анализираме програмата и на седницата за избор на Влада ќе дебатираме со факти и аргументи“, напиша тој на фејсбук.



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина