19 Мај, 2024
0.0250

КАДЕ НАЈМНОГУ СЕ ОЗНАЧУВААТ ТУРИСТИТЕ: Ова се најпопуларни дестинации за зимава

Објавено во: Стил 18 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Инстаграм е дефинитвно место каде најголем број на патници ги објавуваат своите фотографии, па со самото тоа и  такви кои дестинациите ги избираат на оваа социјална мрежа.

Листата на најпопуларни дестинации оваа зима е направена врз основа на објавени фотографии и хаштагови на Инстаграм.

Како најпопуларен град во зимските денови се нашол Берн. Швајцарската престолнина е позната по преубавиот стар град. Хаштагот Берн е користен повеќе од милион пати што сведочи дека големиот број на туристи, кои своите патувања ги споделуваат на социјалните мрежи, одлучуваат зимскиот одмор да го поминат токму тука.

На второ место се најде Аспен во Колорадо, 930 000 пати означен на Инстаграм. Голем број се и оние кои се упатуваат во Норвешка како би ја гледале поларната светлина. Четврта дестинација е населбата Шамони во источна Франција.

Петто најпосетувано место е националниот парк во САД Јосемити, на шесто место пак се најде Цермат во Швајцарија.

Седмото место го зазеде уште еден национален парк во САД-Јелостоун, а потоа Блед во Словенија, Чешки Крумлов и Гринделвалд во Швајцарија.

Ако малку подобро се погледне, три дестинации од оваа листа се наоѓаат во Швајцарија, што ја прави популарна земја во овој период од годината, но де и две во САД.


Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“