01 Мај, 2024
0.0350

Каде плови овој брод?

Објавено во: Колумни 09 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Жална Македонија, денес во 21 век, со оружје да се говори е далеку од умот, близу до лудило и близу до монстуозност. Чемер на душава, јад во срцево, солзи на очите и грутка во грлото, цел ден денес ме тиштат, мисли и размисли ме опсипуваат, и повторно и повторно се навраќам на ситуацијата и не можам да најдам логично решение. А Македонија завиена во црно, плачот на семејствата ги пара душите на секој оној кој барем малку има сочувство и милост, секоја созла капната од окото на оној кој загубил близок во ова лудило ќе го погоди и потресе секој добронамерник и секој оној кој има малку човечност во себе. Во соседната ни држава свикаа Совет за безбедност, ама кај нас не е битно тоа Првото прашање кое си го постави секој разумен беше каде се Институциите на системот, затаија ли, зошто ги нема челниците да излезат да проговорат нешто, да кажат што се случува...Па луѓе божји пукотници, загинати, повредени, хаос, а никој жив не најде за сходно да ја информира нацијата, да излезе и макар за миг да искаже загриженост, или да ја смири нацијата. Па толку сме заслужиле веројатно...Само шпекулации, неповрзани информации, социјалните мрежи вријат, народ се омразува, едни повикуваат на линч и шират омраза, други обвинуваат, трети глумат лудило, а нормалните и обичните луѓе збунети креваат раменици и не знаат како да реагираат. Жално беше она срамно соопштение на прес конференција која траеше едвај минута и толку, молк, штама, болна тишина...Само за споредба во соседната ни држава свикаа Совет за безбедност, ама кај нас не е битно тоа, битно е на пат да се прошетаат, да си молчат и од време на време да скинат некоја зелена...Жално, за тоа ги бираме и плаќаме... Пинкове и Грандове звезде, па зарем профитот ви е пред се и над се А за медиумите што да кажам, со чест на исклучоци,  немам зборови, кога национални телевизии во ек на болка, тага, пукотници и борби, тие не само што не даваат постојано информации, напротив, до музика им дошло. Па како бре не ви е срам, во која држава живеете, пинкове и грандове звезде, па зарем профитот ви е пред се и над се, зарем болката на луѓето кои загубиле блиски не ве тангира, зарем солзите на ближните на загинатите и повредените не ве запекува....Имајте малку усул и не постапувајте според народната село гори баба се чешла.. Во граѓанско општество постои ред и поредок, а ние сме далеку од тоа Во секое граѓанско општество се знаат постулатите на кои тоа почива, се знаат правата и одговорностите, се знае улогата на Институциите на системот, се знае улогата на секој носител на јавна функција. Навистина е чудно ако за еден кружен тек излезе целата политичка елита и гордо се фотографира, а само ден потоа државата ти е нападната, луѓе гинат, хаос се случува, и никој жив не излегува да каже нешто. Ама во граѓанско општество постои ред и поредок, а ние сме далеку од тоа. П.С. Разумот да преовлада, политичките фотељи и нивно задржување не заслужуваат жртви, ништо не е повредно од човечки живот...За нашата ни мила држава се работи и затоа ако се има малку ум и разум ќе се размисли и ќе се одговори која е цената на политичкото владеење? Сите добронамерници бидете разумни, не се закрвувајте, бидејќи еден ден ќе помине ова лудило, ќе треба да се погледнеме во очи, оние кои се ситат и гледаат ситно профитерство нека гледаат во земја, ние другите треба да живееме заедно и да чекориме со кренати глави...Ништо не е повредно од човечкиот живот и државниот мир... Д - р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет - Скопје

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД