06 Декември, 2025
0.0364

Каде во светот возењето со автобус и воз е најефтино?!

Објавено во: Стил 05 Септември, 2014 19:12

Добивај вести на Viber

Цените на внатрешниот патнички сообраќај се најниски во Швајцарија, Австрија и Белгија, покажа студијата на истражувачката компанија „GoEuro“.

Најефтин патнички транспорт имаат Јужна Африка, потоа Албанија и Малезија, додека четвртото и петто место го завземаат Тајланд и Украина.

Гледано според поедини сегменти на сообраќајот, Данска е земја со најскапи возови, каде износот на просечна карта на 100 километри пат е 30,4 евра, а следат Швајцарија и Австрија со 29,1 и 24,4 евра.

Патниците во Белгија плаќаат 17 евра во просек за поминати 100 километри пат, што е двапати повеќе од Јужна Африка или Грузија, на пример.

Автобуските карти се најскапи во Холандија, Австрија и Норвешка, каде просечно изнесуваат (за 100 километри пат) 21,7 евра, 17,8 евра и 16,4 евра респективно. По скапите следат Швајцарија и Австралија.

Белгија е на шесто место со просечна цена на картите од 11,8 евра, колку изнесува картата во Египет за релација долга 850 километри. После Египет, каде картата за 100 километри чини 1,4 евра, најефтин автобуски превоз имаат Украина, Тајланд, Албанија и Јужна Африка.

Авторите на студијата, меѓутоа, наведуваат дека нивното истражување има одредени ограничувања - најпрво, опфаќа само 51 земја, потоа, индексот на цени ги опфаќа сите видови сообраќај: автобуски, железнички и авионски, исто така и внатрешниот, а во некои земји, како што е Белгија, внатрешните комерцијални летови речиси и да не постојат.

Најпосле, оваа студија не води сметка за куповната моќ на жителите, ни квалитетот на сообраќајот.

Земјите кои имаат поголеми цени на картите во патничкиот сообраќај, веројатно имаат и подобар квалитет на услугите, заклучуваат авторите на ова истражување.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: