19 Април, 2024
0.0257

КАИРО НАПРАВИ ИСКЛУЧОК: Египет ја отвори границата со Газа поради евакуација на повредените

Објавено во: Свет 15 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Египет денеска ја отвори границата со Газа поради евакуација на повредените лица на единствениот излез што не е под контрола на Израел. 

Земјата испрати десет амбуланти во палестинската енклава за евакуација на ранетите во палестинско-израелскиот конфликт. 

Официјален Каиро направи исклучок и „ја отвори границата Рафах за премин на десет египетски амбуланти за евакуација на ранетите и нивно пренесување во Египет на лекување”, изјави извор кој побарал да остане неименуван.

Египетското јавно здравје уште вчера најави дека три болници се подготвуваат да ги примат ранетите од Газа. 139 лица загинаа, од кои 39 деца, а скоро илјада се повредени во воздушни напади и бомбардирања на Појасот Газа со кои Израел одговори на палестинските ракетира на својата територија од Појасот Газа, каде на власт е исламистичкото палестинско движење Хамас. 

Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговарал по телефон со палестинскиот претседател Махмуд Абас за последните конфликти меѓу Израел и Палестинците. 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска му соопштил на американскиот претседател Џо Бајден дека Израел прави се за да избегне повреда на луѓе кои не се вклучени во борбата против Хамас и другите групи во Појасот Газа. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените