26 Јуни, 2024
0.0304

КАИШИ ЗА ВРЗУВАЊЕ ВО ДЕМИР ХИСАР, ЗАТВОРЕНИЦИ КОИ СПИЈАТ НА ДУШЕЦИ: Еве што утврди посетата на Народниот правобранител

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Осудениците ширум земајва немаат основни услови за престој во казнено поправните установи, а во психијатриските болници се пронајдени средства за врзување. Ова го открил Националниот превентивен механизам при Народниот правобранител. 

Првиот човек на оваа институција, Насер Зибери истакна дека во КПУ „Идризово“ затворениците спиеле по двајца во ист кревет, а во некои делови од затворот, немале ниту по еден метар квадратен од човек, иако европските затворски правила налагаат да има 4 квадратни метри по осуденик ако се во заедничко домување, а по 6 квадратни метри ако се во самица. При посетата Народниот правобранител констатирал дека осудениците во Идризово спијат на душеци на подот, а другите на кревети наредени на четири спрата. Тој добил информации дека погодностите во затворите се добиваат со мито. 

Како што истакна, ништо подобро не било ни во психијатриските болници „Скопје“ во Бардовци и „Демир Хисар“. Така, во „Демир Хисар“ при ненајавената посета на правобранителот, во посебна просторија најдени биле средства за врзување. Укажа дека таму нема хигиена, има насилство и повредување, а во „Демир Хисар“ и опрема за врзување и тортура на пациентите.

- Во болницата ‘Демир Хисар’ е страшно. Хигиената таму на најниско ниво. При посета на канцелариите на вработените, НПК откри кожни ремени за врзување и метални синџири со катанец. Во друга просторија бил виден цврст дебел кабел. На прашање зошто е тој кабел, одговор од вработените немаше. Ја нагласувам забраната за заплашување, малтретирање, повредување и тортура на пациентите“, кажа денеска Народниот правобранител Насер Зибери.

Тој кажа дека во оваа психијатриска установа треба итни вработувања и итно реновирање од корен.

Во болницата во Бардовци, од 397 по систематизација, пополнети се 318 места. Многу пациенти, малку персонал за таа специфична работа. Зибери побара итно да министерот за здравство итно да обезбеди дозволи за вработување и во двете институции.

Во психијатриската болница „Скопје“, има и Судско одделение каде лежат осудени тешки психички болни, а кои се сторители на кривични дела.

Персоналот не може да воспостави ред во терапијата. Конфликтната ситуација меѓу пациентите е многу тешка. Се караат, се тепаат, а навечер е страшно кога има само едно техничко лице. Има и чести бегства од Судското одделение поради лошите услови, небезбедност, нередовна терапија. Бегствата на овие осудени психички болни се опасни, а знаат да траат од неколку часови, до повеќе денови, па и месец дена - предупреди Зибери, кој даде и остра забелешка дека пресудите таму не се спроведуваат организирано.

За состојбите во затворот „Идризово“, Зибери покажа и фотографии кои ја покажуваат состојбата со пренатрупаноста. На една од нив, 15 осудени лица натрупани во мала соба, математички немаа ни еден метар квадратен по човек.

Во Воспитоно-поправниот (ВП) Дом „Тетово“, децата и натаму не учат, а како што тргнало Министерството за образование, настава ќе немаат ни во новата учебна година од септември.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели