Кај млад скопјанец се најдени скоро 400.000 лажни долари
Објавено во: Македонија 01 Април, 2022
Млад скопјанец се обидел да плати со фалц пара во Велес, a дома му нашле 400.000 лажни долари.
На 10 ноември во продавница во Велес, М.М. се обидел да протури фалсификувана банкнота од 100 американски долари.
„На 25.11.2021 година, полицијата изврши претрес во просторија која ја користел пријавениот, при што биле пронајдени сомнителни банкноти во износ од 396.200 американски долари во апоени од 100 долари“, соопшти полицијата.