Како 70 милиони евра за 9 години од ФЗОМ завршиле во Жан Митрев Клиник
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2019
Филип втори или Жан Митрев Клиник добивала во просек по околу 400 милиони денари, некогаш повеќе. некогаш помалку, но сумата за годинава надминува 500 милиони денари, односно изнесува точно 562 милиони денари.
Фактор успеа да дојде до сумите иако, конкретно колку пари ФЗОМ давал за детските операции додека тие се вршеа на Детска хирургија, нема податок, оти од Фондот тврдат дека тогаш буџетот бил заеднички. Дали има ефект и колку е успешен проектот „преселба“ на Детската кардиохирургија од Фондот и од Министерството за здравство не даваат одговор, иако токму тие треба да ја прават ревизијата за успешност. Упатуваат овие одговори да се бараат во самата Клиника. Познавачите велат дека ова е нелогично затоа што успешноста и ефикасноста мора да биде предмет на ревизија.
Целата анализа читајте ја тука.