17 Мај, 2024
0.0494

КАКО ЧОКОЛАДИТЕ ДОНЕСОА ПРОФИТ ОД 740 ИЛЈАДИ ЕВРА - добивката на „Европа“, сепак, намалена за 29 отсто

Објавено во: Економија 29 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Работеле речиси исто како претходната година, ама на крајот сепак не беа толку профитабилни како во 2021 та.

Чоколадната македонска компанија ги објави финансиските извештаи за 2022 година преку Македонската берза, кои говорат за намалување на добивката, иако кор бизнисот, а тоа е производството на чоколади и вафли, се одвивал речиси идентично со текот кој го имал и во претходната година.

Што говори консолидираниот Биланс на успех на „Европа“?

Клучната поента е дека нашата чоколадна гордост ја заврши годината со добивка, и тоа на сума од 736 илјади евра, што и не е така лошо, но сепак, во однос на претходната 2021 година, кога остварениот профит бил 1,04 милиони евра, тоа значи намалување за 29 проценти.

„Европа“ лани имала исти оперативни приходи како и претходната година, па дури и нешто малку повисоки, а тие изнесувале 13,9 милиони евра. А всушност оперативните приходи говорат за тоа како се движел основниот бизнис на компанијата, односно какво било нејзиното работење.

Билансот на успех говори и дека „Европа“ повеќе продава надвор, а помалку на домашниот пазар.

На домашните потрошувачи „Европа“ лани им продала чоколди и други благи производи на сума од 6,1 милиони евра, што е само благо намалување за 3 проценти во однос на претходната година,

Додека, пак, во странство се продаден благи на износ од 7,62 милиони евра, што е зголемување за 2 проценти.

И кај оперативните расходи нема голема промена, односно тие вкупно се зголемени само за еден процент.

На расходната страна, ако се погледнат трошоците за вработените, ќе се види дека тие се идентични како и во претходната 2021 година, и изнесуваат 3,25 милиони евра.

Финансиските приходи се зголемени за 44 отсто, додека, финансиските расходи се зголемени за 64 проценти.

Најголем акционер во „Европа“ е Фершпед со 21,77 отсто, а по овој акционер следува Макошпед со 19,9 проценти. Удел од 18,05 има Сењак, 10 отсто сопствени акции има самата Европа, Мила Левентиќ располага со 8,68 отсто и на крај Есамедин Хасани има 6,25 проценти.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА