Како да го доведете телото во природна рамнотежа?!
Објавено во: Стил 25 Ноември, 2014 18:08
Строгиот режим на исхрана со намален внес на калории како диета 5:2 може да му помогне на организмот да се одбрани од лошите болести вклучувајќи го и ракот, дијабетес и Алцхајмеровата болест, укажува на тоа најново истражување.
Студијата покажала дека вообичаен режим на исхрана, три оброци дневно плус ужина, всушност е ненормално во рамки на човечката еволуција и дека е во спротивност со природниот биоритам на организмот.
Режимот на исхрана 5:1, кој подразбира вообичаена исхрана пет дена, а потоа дводневен пост односно внес на 500 калории дневно, одговара на начинот на исхрана каков практицирале и нашите древни претци, ловци собирачи, кои ретко или никогаш не заболеле од дебелина, дијабетес и кардиоваскуларни болести.
Истражувачката студија за тоа денеска е објавена во PNAS, Зборникот на Националната академија на науките во САД.
Постот, односно радикалното намалување на внесот на калории, може да му помогне на организмот да ги намали маснотиите во крвта и да ги обнови тие клетки, да го пренасочи процесот на стареење. Исто така може да ги намали туморите и да ги сочува невроните од оштетувања кои предизвикуваат невродегенеративни заболувања, како што се Паркинсонова болест и Ајцхајмер.
Во студијата се истакнува пореметувањето во природниот биоритам, или внатрешниот часовник, ги тера луѓето и домашните животни дс јадат повеќе со што тие стануваат подложни на дебелина, дијабетес и слични болести.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





