20 Декември, 2025
0.0444

Како да го оплодувам она малку што го заштедувам?

Објавено во: Мои пари 30 Март, 2017 14:04

Добивај вести на Viber

Вложувањето во фондови е далеку помалку ризично отколку самостојното „играње на берза“. Историските податоци говорат дека од вложување во фондови е реално да се очекува 7% просечен годишен принос.

Како и каде да ги вложувам заштедените пари за тие полека да ми се оплодуваат?

Често поставувано прашање, кое во последно време засега сѐ повеќе и повеќе луѓе, дури и оние традиционални штедачи кои никогаш и не помислиле на друга опција, освен парите да ги чуваат во банка. 

Причината поради која сите почнавме да размислуваме за нови алтернативи се исклучително ниските камати на банкарските депозити, а како последица на тоа нашите пари полека ја губат својата куповна моќ. Едноставно кажано, добиваме сѐ помалку камата. 

Се разбира, не постои едноставен одговор на поставеното прашање, бидејќи на нашата одлука влијаат повеќе фактори. Сепак, на пазарот постојат повеќе опции за кои е пожелно да побараме повеќе информации.

Основното правило кое треба и во сон да го знаеме е соодносот помеѓу ризикот и можноста за поголема заработка. Вложувањата со низок ризик (како банкарските депозити) носат мал принос и спротивно на тоа, со преземањето на одреден ризик се зголемува и можноста за посолиден принос. При одбирањето на одредена опција, секако е потребна и голема доза на претпазливост, бидејќи за жал, не постојат вложувања со висока добивка кои не носат никаков ризик.

За потенцијално повисока заработка, дел од парите е соодветно да бидат вложени на пазарот на капитал. Една од опциите која е строго законски регулирана и достапна за малите штедачи се колективните инвестициски фондови. На тој начин можете да штедите во хартии од вредност кои на долг рок носат поголема добивка од депозитите. Во исто време, вложувањето во фондови е далеку помалку ризично отколку самостојното вложување во акции. 

Добар избор се фондовите со умерено ниво на ризик

Доколку се одлучивте дека дел од вашата заштеда ќе ја оплодувате преку пазарот на капитал, паметен избор за старт би бил фонд со глобално ориентирана инвестициска политика. Неговата главна предност е флексибилноста, што би значело дека вложувањата се прилагодливи на случувањата на берзите. Во периоди на раст на берзите, поголемиот дел од имотот на фондот е вложен во акции на меѓународни добростоечки компании, со цел искористување на трендот за поголема заработка, додека при настапување на таканаречени „корекции на пазарот“, дел од портфолиото се распределува во депозити заради ублажување на загубите.

На тој начин, добриот портфолио менаџер ги прилагодува вложувањата кои ги направил со фондот, како кон глобалните макроекономски показатели, така и кон тековните случувања на берзите. Со други зборови, глобалниот фонд е добар микс на добивка и сигурност. Тоа е и основната намена на фондовите – да обезбедат соодветна распределба на вложувањата преку стручно управување од страна на искусни професионалци. Тоа во крајна сметка означува дека самите клиенти немаат потреба тековно да се грижат за своите вложувања, бидејќи истото во нивно име го прави портфолио менаџерот.

Дополнително, за вложување во колективен фонд не се потребни големи парични средства, па секој би можел постепено да ја гради својата заштеда, почнувајќи од само 500 денари месечен влог.

Поради сето ова, фондовите се одличен избор за почетниците на пазарот на капитал на кои им е веќе јасно дека за „повисока камата“ потребен е малку поразличен пристап од орочувањето на пари во банка. Историските податоци говорат дека од вложување во фондови е реално да се очекува 7% просечен годишен принос.

За дополнителни појаснувања, обратете ни се преку нашиот контакт образец.

КД Фондови, повеќе од штедење

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии