13 Мај, 2024
0.0274

Како да потрошите помалку пари во супермаркетите?

Објавено во: Стил 02 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Супермаркетите се всушност многу „опасни“ места. Од сите страни ве мамат намалувања, поволни пакети, шарени артикли, неодоливи мирис ... Во такви околности не е лесно да се остане рационален па повеќето луѓе купуваат повеќе одтколку што планирале кога дошле на пазарување. Тоа секако влиаје на нивниот домашен буџет. Како да купувате паметно? Еве неколку совети од експерти ...

Никаде без список

Кога одите во купување, задолжително направете список на намирници кои треба да ги купите. На тој список нека доминираат здрави намирници. И додека одите низ продавницата, не гледајте работи кои не се на вашиот список, држете се до планот. Долгорочно ќе си бидете благодарни.

Во продавница никогаш - гладни

Сигурно веќе и сами забележавте дека кога во продавница дојдете гладни, купувате се што ви доаѓа под рака. Луѓето тоа го прават импулсивно, а подоцна се каат. Пред да одите во продавница, јадете, и секако, држете се до списокот.

Застанете пред одделот со зеленчук

Повеќе луѓе кратко се задржуваат на местото каде има зеленчук. Земат две, три вообичаени работи, а воошпто не проверуваат што уште се нуди. Понудата на производи навистина е разнолика, а кога станува збор на здравите намирници, би требало да пронајдете време за откривање на нови и проширување на гастро видикот.

Бирајте едноставни производи

Едноставните производи како обичен јогурт, основни житарици или сокови  всушност се најдобри производи. На прв поглед изгледаат помалку неугледно, но се почесто здрави од шарените намирници во кои обично се наоѓаат многу адитиви.

Читајте ги декларациите

Секој купувач би требало да биде запознаен со производите кои ги купува, а потоа ги конзумира. На пазарот денес може да се пронајде се и затоа е важно да се читаат декларациите. Тие откриваат дали станува збор за здрави производи или сепак се од оние кои обилуваат со нездрави адитиви. Станете одговорен купувач и секако проверувајте ги декларациите.

Испробајте нешто ново

Луѓето воглавно стекнат некоја навика и тешко да се откажат од неа. Наместо секогаш истиот производ, обидете се со некои нови намирници. Погледнете што се нуди, на одделението за здрава храна секој ден има се повеќе нови производи. Проширете ги своите видици.