23 Април, 2024
0.0297

Како да се примени европската пракса на управување на земјоделски задруги?

Објавено во: Колумни 29 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во контекст на глобалната економија, либерализација на пазарите и се повеќе заемната конкуренција, земјоделските задруги во Европа го прилагодуваат внатрешното управување, кое се повеќе се доближува до акционерски друштва. Според Европската комисија, преструктруирањето на земјоделскиот сектор е во синтеза со иновации насочени во организациони и социјални модели кои осигуруваат одржлив развој на животната средина. Се смета дека иновациите се генерираат не само преку  научни истражувања и технологии туку и преку нови маркетинг управувачки решенија. Спротивното тврдење што е присутно, а имено дека прифаќањето на различни модели за управување како константна големнина ги ограничува можностите за внесување на нови научни методи за анализа и усовршување на управувачката структура.

   Претпоставка за нов управувачки пристап

  Задругата се прифаќа како инструмент за подобрување на економската благосостојба на своите членови, за заштита на економски слабите субјекти, структури, кои придонесуваат за подобрување на квалитетот на животот во селските реони. Но сепак тие се бизнис здруженија, но нивната цел не е реализација на добивка (печалба) туку  претпоставени користи на потрошувачите ки се најчесто членови на задругата. Некои го дефинираат економското учество со право на сопственост, право на контрола, право на користење на благата. Тие се тековните критериуми, кои имаат влијание врз животната способност на координативните здруженија (задруги) а тоа се: учество во прехрамбениот ланец, внатрешно управување и институционалната средина.

  Производните и пазарните тенденции налагаат прилагодливост и еластични методи на управување, кои често бараат префрлање на одговорност за преземање на решенија од членовите кон менаџерите.

Во тие врски развојот на месните и регионалните пазари придонесуваат за хоризонтална и вертикална интеграција на земјоделските задруги.

  Внатрешното управување ја визира структурата, взаемните врски меѓу органите на организацијата, делегирањето на право за заеднички решенија, одговорностите за остварување на кодексите. Организационите управувачки структури се дефинираат како начин на уредување на управувачките органи, врските меѓу нив и средината, функциите, делегираните права и одговорности за реализација на поставените цели. Принципот  “еден член -еден глас” на членовите придонесува за уникатност и демократија во управувањето на кооперативните здруженија кои се истовремено социјални заедници и претпријатија. (Оксерберг, Нилсон 2009) не е познат универзален бизнис модел на внатрешно управување кој ќе е применлив во сите држави. Управувачките структури обикновено користат комбинации од различни механизми на управување. Управувачките структури по својата способност се во форма на делење на трудот во управувачкиот субјект при реализација на функциите на управување, а имено:  целост на структурни елементи на хиерархијата, врски меѓу структурните елементи и севкупност на едниците за дејствување (влијание) врз управувачкиот објект.

  Општо важечките управувачки практики често пати не се применливи кај управувањето на задругите. Според Замети  (2012) и покрај тоа што задругите растат  по број и обем, а истовремено со тоа расте и членската маса, управувањето им останува проблематично. Прифаќајќи управувачки пристап и практика од акционерските друштва, задругите се насочуваат да изработат свои алтернативни модели, кои ќе  бидат применливи со задружената форма на сопственост.

   Хибридна структура на сопственост во Евопските задруги

  Една од причините за иновации во управувањето на земјоделските задруги може да се открие во барањето   на дополнителен сопствен капитал. Вообичаено е задругите да се среќаваат со трудноста при достап до ризичен капитален пазар. Тие  покажале дека потребата од капитал може да доведе до промена на финансиската структура кое придонесува за трасформација на внатрешното управување.

  Според законските решенија членовите на задругата го преферираат сопсвениот капирал и се преобразуваат соодветно во сопственици. Задругите имаат потреба од повеќе капитал, има неколку опции кои водат до промени во структурата на сопственоста, кој предлага промена во управувачката и финансиската структура. Така структурата на сопственост и финансиската структура се разгледуваат како “две лица на една монета”. Според Нилсон, (1999) правата на сопственост можат да бидат индивидувални или колективни, а можат да бидат само од членовите или од членовите и надворешните инвеститори. Тој се задржува на пет модели на финансиската структура на задругата:

Модел 1. Традиционална задруга, кај која што единствено членовите инвестираат во  неа  и сопственоста на капиталот е колективна. Тоа значи дека за излегувањето на член од задругата, инвестицијата ќе му биде вратена. Традиционално, внатрешните органи на управување се состојат од Општо собрание, Управен одбор, Надзорен одбор и Претседател.

Модел 2. Задруга со акционерско учество, каде задругата делумно го индивидуализира сопствениот капитал. Тоа дава можност членовите на задругата да изберат да станат акционери во задругата и истовремено со нивните акции да се тргува на внатрешниот пазар. Кај овој модел се нарушува принципот, “еден член-еден глас”.

Модел 3. Задруга со ќеркини друштва, каде учествуват надворешни инвеститори. Акционерскиот капитал дозволува поделба на колективен и индивидуален дел на членовите и на надворешни лица со сопствени акции во ќеркино претпријатие. Спорно е прашањето дали надворешните инвеститори, ќе имаат право на глас во Собранието или ќе сметаат единствено на заслужените дивиденди.

Модел 4. Задруга со пропорционален капитал, која во Америка  е позната како,  “Задруга од ново поколение”. Акционери се само членовите на задругата и целиот капитал е индивидуална сопственост. Кај овој модел е ограничено слободното влегување и излегување на членовите. Тој е позатворен, што не се согласува со основниот принцип за отворено членство, прифатено од меѓународната здружена алијанса.

Модел 5. Задруга – Акционерско друштво, каде акциите се на фонд на берзата и надворешни лица можат да имаат и да управуваат со обикновените акции.

  Според Нилсон, моделите од 2-5 се претприемачки, бидејќи тогаш кога задругата има потреба од претприемништво, таа чувствува неопходна потреба од финансиско преструктруирање. 

  Оваа типологија се базира на искуството на задругите во Северна Америка, нивното користење се налага на финансиски ограничувања.

  Во некои европски земји многу е популарен Модел 3 – Задруга на ќерки.

  Бијаман (2012) разработил класификација на задругите врз база на кооперативно управување:

-Традиционален модел, каде членовите на Управиот одбор се избираат директно од фармерите, членовите и управиот одбор котролира и управува задругата

-Модел на управување, каде професионален менаџер е во Управниот одбор, значи моделот претпоставува дека управниот одбор веќе не е составен од членови на задругата

-Надзорниот одбор се заменува со совет на комесари, а општото собрание се презема од совет на членовите.

  Оваа класификација претпоставува дека власта во управувањето е преминала од членовите на задругата во професионални менаџери.

Овој модел може да ни покаже дека е намалено ангажирањето на членовите во управувањето на задругата. Овде се гледа напуштање на принципот за декомократско управување, кое може да доведе до опортунистичко поведение на управувачите предизвикано од информационата асиметрија.

  Нема унифициран закон за задругите во Европа, кој би бил применлив насекаде, а има држави кои немаат закон. Сето тоа некако изгледа нелогично во услови на меѓународната задружна алијанса (ИСА) која претендира на неопходно  обединување на здружената идеја, а како доказ за тоа е прифатената во 1995 година во Манчестер декларација за задружената идентичност, која е ратификувана и од ООН во 2001 година, а имено: демократија, рамноправност, еднаквост, солидарност, солидарна одговорност, отвореност, како и задружени принципи: доброволни и остварено членоство, декократска контрола на членовите, економско учество на членовите, автономност и независност, образование, обука и информација, соработка помеѓу задругите.

  Наспроти приоритетите на ИСА, се забележува во некои закони во Европа заострување на задружената поделба и распаѓање како организациона форма на сопственост, давајќи право на адаптирање на управувањето во насока на акционерски друштва.

  Друг суштински момент е разграничување на функциите и задачите на претседателот, професионалниот менаџмент и Управниот одбор. Се однесува на прашањето на претседателот на задругата, кај што практично е претседател на Управниот одбор – истовремено исполнителен орган во Управниот одбор и исполнител на решенијата како што е регулирано во Законот дека Управниот одбор може да му ги запира дејствијата.

                                           Проф.Д-р Борис Анакиев


Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок